November 28, 2007

Излезе EП-то на Nanohex

Денеска излезе ЕП-то ("The Brain Experiment") на Nanohex за британскиот Industrial Culture Records. Се работи за dark ambient музика. Со Nanohex се занимавам скоро 4 години (под разни имиња на почетокот), и досега излегоа неколку компилации, EП-ја и еден сплит. Во 2008 се планира и албум, а до тогаш ќе има уште неколку помали изданија како и соработка со некои музичари од Македонија и Хрватска.

Да не биде скорз авто-реклама, на Плагиј.ат има повеќе информации, клик тука.

Колку што знам, новово издание ќе биде дистрибуирано низ Велика Британија, Јапонија (за ова највеќе се радувам), Полска и некои други европски држави.

Некои од минатите изданија може бесплатно да се симнат, а и да неможеа ќе се потрудев да го овозможам тоа. Сепак, поголемиот дел од изданијата се бесплати и се заштитени со Creative Commons лиценца. Линкови до сите изданија има на официјалната МајСпејс страна.

5 comments:

Anonymous said...

kickass :D

XXX-->Ivan<--XXX said...

Убо :)

Neno said...

Честито! :)
btw случајно денес налетав на "Nakshatra"?
:)

Бојан Николов said...

Фала, фала. Да ти се врати. :)

Ух, "Nakshatra" е стаааарааааа ствар и малку различна. :)

Ivana said...

Ај и од мене честитке, нека се множат :)