September 26, 2007

Пари од блогирање

На оваа тема се спремав одамна да пишувам. Одличниот пост на Ивица ме инспирираше конечно да го напишам текстот што следи.

Дали може да се заработи со блогирање? Одговорот е да. Второто прашање, сигурно би било: Како? Кратко и јасно, со реклами. Барем таквиот начин на заработка од блог, е најзастапен. Доказ дека може да се живее од блогирање, е Darren Rowse. Типот блогира некои шест години, а деновиве неговиот најпознат блог, го доживеа третиот роденден. Не би ги објаснувал во детали начините на зароботка, на блогот на Darren Rowse има убав пост за тоа.

Дали може да се заработи со блогирање во Македонија? Можеби, но потешко. Ако станува збор за заработка од реклами од типот на Google AdSense, пак е тешко, бидејќи ретко има реклами на македонски јазик, а и самиот систем на AdSense не поддржува реклами на блогови со македонска содржина. Препорачливо е содржината на блогот да е на англиски. Со самото тоа, би се таргетирала поголема група на читатели/постетиели.

Моето искуство со AdSense почна пред неколку месеци. Почнав со 2-3 блога со англиска содржина, кои со текот на времето згаснаа, зошто ме мрзеше да ги апдејтувам. Деновиве ре-активирав еден од нив, и деновиве ќе го полнам со нови работи, а ќе отворам и уште неколку. Не дека се заработува многу, туку како хоби е интересно.

Досега имам пробано само AdSense, зошто знам дека сигурно имаат исплата на заработката во Македонија (праќаат чек). Друго нешто дали фунционира, незнам.

Shareapic е исто така интересен сервис за хостирање на слики (нешто како Flickr), кој се врзува со AdSense акаунтот, и добивате пари со кликови на секоја ваша слика и галерија.

Од мене за ова, толку (за сега). Кај Goodbytes има многу повеќе околу оваа тема, препорачувам да ѕирнете и кај него.

8 comments:

XXX-->Ivan<--XXX said...

Не ми е сигурно ова...

freestyle said...

ни мене
иначе Синне ми треба услуга од тебе....

е ти пишам мејл на мактерк послле оти нен го знам твојот... :)

freestyle said...

ти пишав ПП на ТрекМакедонија...

NECRON said...

Google AdSense дефинитивно плаќа тоа е факт, него многу тешко се заработува освен ако не "мамиш" но покрај перфектниот безбедносен систем за invalid clicks што го има само Google, речиси е невозможно.

Ivana said...

Навистина е тешко да се соберат тие 100 $ иако вака звучат као да се малку. Според пресметките на луѓе кои имаат аdsense на своите блогови, парите се собираат за 3 години просечно (по чесен пат). Па помислете колку време е тоа...

Welder said...

Eve serka mi se desi so adsense, imav soberen0 110 dolari i toj sistem me banirase BEZ NIKAKVI INVALID CLIKS! Pisav zalba i kje vidime...

Бојан Николов said...

Хм, чудно. Дозна дека си баниран откако си ја побара исплатата, или?
Ако не заборавиш, пиши што ќе ти одговорат. :)

Neno said...

А бре каква жалба чим те банирале готово!
Ова ти го кажувам од искуство, и јас имав "заработено" 1100$ и на сите разгласив дека ќе бидам милионер истиот ден пред да ми го укинат.
=)