December 27, 2007

Saw IV (2007)

Првиот дел беше освежување за жанрот, и најпријатното филмско изненадување за мене во изминативе неколку години. Конечно нешто мрдна од клишеизираната шема по која се правеа хорор филмовите. Следуваше вториот дел, не толку добар како првиот, но сепак (приближно) успеа да ја долови атмосферата. Третиот беше океј, и ништо повеќе од тоа. Се гледаше дека ќе прават уште делови (носи филмов пари!), и убивањето на главниот антагонист, беше грешка која ме интересираше како ќе ја исправат.


Првиот дел го сакам највеќе поради оргиналноста и изненадувачкиот крај. После тоа, не може ниту еден дел да биде подобар. Го гледав ноќеска Saw IV. Искрено, очекував да се разочарам, и испадна спротивното. Од крајот на Saw III можеше да се види што отприлика ќе се случува, но не верував дека толку добро ќе го изведат. Повторно стапици, повторно борба за живот и учење лекции. И, повторно крај кој го најавува новиот дел. Да, ќе има Saw V следната година.

Искрено, сакам да видам уште еден дел. Saw серијалот некако успеа да опстои цврсто на тоа што го постави првиот дел, и се прашувам дали петката ќе биде последниот добар Saw, кој ќе направи пари, а нема да биде плукан од поголемиот дел фанови. Исто така, се надевам дека Jigsaw нема да се врати како зомби (фак ју, Џејсон!) или нешто слично, и дека ќе ја задржат "реалноста" во филмовите.

Доколку не се сопрат на време, Saw може да го снајде истата судбина како Hellraiser, односно да излегува секоја година по еден катастрофален direct-to-video. Ако се паметни, ќе сопрат после петката, и ќе најдат друг начин за заработка. Но, најавени се седум дела, па останува да видиме...

2 comments:

Neno said...

Ќе го чекам да искочи на DVD, па ќе симнам негов DVDRip [впрочем како и сите мои други омилени филмови]. :)

Shepard said...

нинтендокор

инаку дени те чува можам да ти го режам :)

среќни оф топик празници

а за saw, многу грд серијал. многу ме курчи.