
Таков поспан, некако го издржав првото полувреме. Мајами иако првите 2-3 минути губеа со 8 разлика, благодарение на Џејсон Вилијамс превземаа водство, и така и заврши првото полувреме. Со 5 поени предност за Мајами. Си легнав, неможев веќе. Станувам сабајле, ни OGAME уште не сум проверил, идам на NBA.com, и што да видам. Пак изгубиле, а добри беа во прво полувреме. Јебига, без Вејд се ептен лоши сезонава, немаат ниедна победа. Целиот рикеп, тука.
Е, сега за преносот. Катастрофа. Лошо аудио (од која година се микрофоните у МТВ?!), лош коментатор (може и не е крива лошата опрема, а?) и лош пренос на слика, онака, блекаути од време на време, кочење, фрејмови... Па, се сјеба скроз едно време, пуштија тоа рекламата за утакмицата, вртеше некои 5-6 пати, сменив канал на некои три-четири минути...
Дека се МТВ, сигурен сум дека нема да се подобри ова, ама тоа е. Разбрав дека и некоја од хрватскиве телевизии ќе врши пренос утре, т.е. видов реклама, ама не се сеќавам. Ќе се информирам денес, барав нешто по нивните сајтови, ама нема.
6 comments:
хахаха ле пер како си ме претицал, исто сакав и јас да чкртнам за ова :D
супер сега не мора да се мачам :)
иначе вчера не ми се веруваше, мислев некоја зафрканција пошто обично кај нас стартуваат после ол-стар :)
п.с.
Неш е ѕвер! :)
Ова беше пријатно изненадување за првпат у 100 години од страна на МТВ. Конечно за нешто може да се каже дека МТВ рулз! :)
Точно. :)
Уствари се' почна од MTV 1, они ја воведоа NBA во независна МК пред кусур години, уште Љубомир Николовски да се врати и повторно истото чувство ко во времето на Чикаго vs. Јута
:)
Нено, тие утакмици со Љубомир Николовски беа на А1. :) Она, од легендарните денови на Булс. И Ен-Би-Еј Екшн... еее.. Си ги имам старите Булс утакмици на ДВД. :)
знам дека беа на А1. Но ми се чини дека они им ги "грабнаа" утакмиците претходно на МТВ, незнам може грешам. :)
Но 100% сум сигурен дека пред Николовски друг коментатор немало.
:)
Ако добро памтам, после А1, почнаа на МТВ1 да даваат, со Николовски. :)
Post a Comment