October 1, 2007

30 години Atari2600

Култната гејмерска конзола Atari 2600 го прослави својот 30 роденден. Мојата гејмерска кариера започна со клон на Atari, пред некои 15-16 години. До пред некоја година не ни знаев што точно беше црната конзола, со џојстици со црвени копчиња. Сега знам дека бил клонот на Atari2600, Rinco 256-in-1.

За разлика од вистинската конзола, моево беше цело црно и пластично. Кертриџи за него никогаш не најдов да купам (океј, имаше доволно игри). Среќа, џојстици се наоѓаа лесно, се сеќавам дека купував нови.

Од време на време, покрај
Nintendo NES и MAME32 емулаторите, знам да го пуштам и Atari2600, со надеж дека ќе најдам повеќе од игрите што тогаш ги играв. Ги немаше по имиња, туку се мотаа преку едно копче на самата конзола. Некои ги најдов, некои сеуште ги барам. Од тие што ги знам по име, највеќе ги играв Pitfall!, Dig Dug, Donkey Kong, Pac-Man, Pole Position.

Има океј емулатори, ама не е тоа – тоа. Спремен сум да платам дури и за неисправна
Atari2600 конзола, или уште подобро “Rinco” клон. Не се сеќавам што се случи со мојата, ама мислам дека беше расклопена до последно штрафче, заедно со многуте радивца и Нинтенда. Имав таков период кога расклопував ствари.

Какo и да е, за
Atari2006 ќе пишувам пак во некоја наредна прилика. Мислам дека носталгијата за старите игри и конзоли никогаш нема да си ја излечам...

Доколу некој сака да си освежи сеќавање и да си врати спомени, на линков има Atari2600 емулатори, а и голема листа на емулатори за други конзоли.

3 comments:

NECRON said...

не фала, сега сум под NEO-GEO инвазија. =)

XXX-->Ivan<--XXX said...

Што гејмер ќе беше :))

Внукот said...

Дјуд, пиши ми на babamitrajanka@yahoo.com за да се договориме за размената и дај да ја напраиме, ако ја праиме, ок?