October 19, 2007

Кој сега ќе го спаси светот?


Изминативе неколку години, се вратија многу херои од осумдесетите, кои можеби и требаше да си останат таму. Терминатор, Џон МекКлејн, Роки Балбоа, да не речам и Снејк Плискин. Индијана Џонс, веќе неколку години се обидува да се врати, и конечно своето второ (четврто!) доаѓање би требало да го има следната година.

Освен цедење на парите на фановите, не гледам некоја друга причина зошто моите херои од детството се повторно тука да го спасат светот или слично. Океј, факт е дека денес нема херои кои би биле пандани на овие, а веројатно никој нема ни да им се доближи. Кој, Вин Дизел? Да, да. Секако.


Нејсе, од сите горе што ги набројав, најголемата утка беше
Terminator 3: Rise of the Machines. Крај. Live Free or Die Hard не го гледав, иако подолго време го имам дома. Другиве беа така-така. Највеќе го чекам Indiana Jones & The Kingdom of the Crystal S Зошто не им текна порано?

Како и да е, дадов предолг вовед за тоа што сакав да го кажам. Излезе постерот за новиот Рамбо! Се враќа и Рамбо, за последен пат да им ебе матер на непријателите на Америка. Трејлерот е поодамна излезен, и може да се погледне на
YouTube. Нека помине и Рамбо, и искрено се надевам дека ќе се појави некоја нова фаца, достојна да стои рамо до рамо со сите овие што се спомнати во текстов.

6 comments:

Anonymous said...

РАМБО е најголемата америчка глупост во светот на филмовите.

Ivana said...

Аман веќе...аман!

Losteech said...

Сталоне 100 години напраи а уште се праи РАМБО...

Anonymous said...

Море и рамбо ќе пропадне, сите тие ќе пропаднат. Целта им е само ПАРИ ПАРИ ПАРИ И ПАРИ! Ебате индустријата мејнстримска.

Инаку, дизајнов на твојов блог ме воодушеви!

Anonymous said...

Епа сега, сакаш ГАГА?
такво нешто немало ниту пак ќе има, така да логично е да е и профит во прашање.

Ivana said...

Се прашувам...што ли ќе снимаат сега? Ауу..да! Продолженија на Batman и Superman. Mora и тие да ги досерат! :S