December 11, 2007

Првото искуство со Wine на Ubuntu 7.10


Покрај тоа што е алкохолен пијалок кој не преферирам да го конзумирам, Wine е апликација која служи за емулирање на Windows програми во Unix оперативен систем.

Тоа отприлика би била дефиницијата.

Е, сега. Факт е дека има Windows програми кои се незаменливи, но некако го засакав Ubuntu, па немам пуштено Windows XP десетина дена. Решив да пробам да ги користам тие програми, преку Ubuntu. Го симнав Wine, го подесив, читав упатства...

Лесен е за користење. Има виртуелен C:\Program Files фолдер (нормално и виртулен C:\ кој е прикажан на првата слика), во кој се прави copy+paste на програмите од оргиналниот таков фолдер, кој е пожелно да се наоѓа на NTFS партицијата. Ова е, нормално можно, доколку на машината има инсталирано и Windows оперативен систем, како во мојот случај. Знам дека Wine може да послужи и за инсталирање на Windows програми, ама тоа го немам пробано.


Успешно пуштив некои програми, како на пример Winamp, и супер работеше/работи. Photoshop CS2 работеше, наредниот ден нејќеше ни да чуе (вика "hardware or system error"), а немав време да седнам и да го средам.

FL Studio 2006 не го пушта, т.е. работи само како (бескорисна) демо верзија. Претпоставувам ова е вака, бидејќи ако добро памтам, покрај кракот, имаше измени во registry-то. Ех, да. Wine може да емулира и виртуелен regedit.exe кај што претпоставувам може да се среди ова и со FL Studio. Да, знам. Ништо не сум пробал ко што треба, а пишувам пост, ама пишувам за впечатоците од Wine, а не "show and tell" пост или туторијал. Ќе биде и тоа, има време. :)


Веројатно може да прави многу повеќе од тоа што јас го правев до сега со него. Ќе пробувам, ќе видам, ќе пишам тука...

Сега ми е во план да пробам да пушам и некоја игра. Имам инсталирано Warcraft III и NBA Live 2008, и ќе пробам да ги играм на Ubuntu.

8 comments:

Ivana said...

Супер е..ама ја некако неможам да се откажам од стариот оперативен систем, а незнам ни дали сакам...:)

Бојан Николов said...

Користењето на Windows е навика произлезена од наметнати "стандарди". :)

После недела дена, Убунтуво влага под кожа. :) Сега Windows сигурно би ми бил чуден. :)

Маки said...

Wine не е емулатор, туку е NT compitability layer за уникдсоиди. иначе за winamp клон пробај го audacious и за по прегледна инсталација на Windows програми ( Gnu/Linux style ) пробај wine-doors.

Бојан Николов said...

Не ми треба Winamp клон. Користам Amarok. :)

Ќе пробам wine-doors, thx.

WWG said...

Hi, :) Good blog
Look from Quebec Canada
http://www.wwg1.com

WWG :)

Neno said...

Само Apple [Mac OS X v10.5 Leopard] признавам!

Anonymous said...

Само Apple [Mac OS X v10.5 Leopard] признавам!

епа оди еби се со apple-то ...

Bi said...

Јас после Убунту ко ќе стартнам виндоус ми е ко на битпазар :)