August 22, 2007

Нинтендо носталгија

Верувам дека 99% од нас имале барем една Нинтендо конзола во животот. Ако нешто сакам да се врати, тоа е она време кога Нинтендото беше најпосакуваната "играчка" во светот. Времето во кое не спиевме со ноќи за да стигнеме до осмиот свет на Super Mario Bros. или да го поминеме последниот "главен" на Contra.

Времето кога прстите ни се дефомираа штракајќи по црвените и црните копчиња на џојстиците, кои ги менувавме по неколку пати. Ми фалат оние жолти дискети, на кои пишува "99 in 1".

Ми фали едноставната графика и назаборавните звуци на игрите... Колку и да се феноменални денешниве 3D игри, од време на време добивам желба да играм Bomberman или Ducktales 2.

Се сеќавам кога некој ќе набавеше нова игра, имаше право да ја игра недела дена, и после цело маало требаше да ја помине по исто толку време. Често се случуваше, тој што ти ја зел играта, да ја "изгуби" и да не ја видиш никогаш повеќе.

Факт е дека Nintendo направи револуција во гејмерскиот универзум, но постои и друг факт кој вели дека оваа револуционерна конзола доживеа да се здобие со титулата Најклонираната играчка конзола во светот.

Пиратските верзии на NES/Famcom содржат хардвер прилагоден да пушта кертриџи/дискети со игри за оргиналниот NES/Famcom. Кон крајот на осумдесетите години од минатиот век, биле забележани стотици не-лиценцирани пиратски верзии на добро познатата конзола. Првите клонирани конзоли се состоеле од плоча со интергрални кола, додека во изминативе десетина години, клоновите содржат чип кој го емулира оргиналниот хардвер, и најчесто има вградени игри.

Сигурно веќе претпоставувате од каде доаѓаат и потекнуваат повеќето Нинтендо клонови.
Кина и Тајван. Но, исто така и од земјите каде што оргиналната конзола не била никогаш дистрибуирана, Русија и Јужна Америка. Руските пирати во почетокот на деведесетите, прават клон, сличен на оргиналниот Femcom, попознат како Dandy. Се сеќавам дека многумина имаа Dandy дома порано. Сосема исто како оргиналниот Famcom, но наместо црвена, има сива боја. Нешто подоцна се појави клонот попознат како Terminator 2, и неколку години после тоа, оние клонови со тастатура. Денес имаме и клонови кои изгледаат како ПлејСтешјнот на СОНИ, само што се викаат PolyStation и работат со NES кертриџи.

Откако потрошив неколку дена, барајќи по сајтови кои се занимаваат со Нинтендо клонови, сфатив дека ретко кој од нас дома имал оргинално Нинтендо. Дури моето најпрво Нинтендо
било со сомнително Кинеско потекло. :)

Да не збориме за сите оние пиратски игри, како
“99999999 in 1” од кои различни се само 10, а другите се повторуваат, и може да се сретне некоја игра со мали модификации (наместо од прво ниво, почнува од трето). Во секој случај, да не беа клоновите, за NES/Famcom ќе знаевме од списанија, интернет и телевизија. Како што сега јас го гледам Nintendo DS и ми течат лиги. Е, тешко дека ќе има пиратска верзија на ова достапна на Скопскиве пазари. :)

Еве неколку од клоновите кои сум ги сретнал кај нас:

COMPUTER FAMILY GAME 3001 in 1Верна копија на оргиналнот. Се појави кај нас, беше рекламиран и продаван преку една од националните телевизии. Учествуваше и во една емисија на истата телевизија.

DANDYИсто како претходното, само друга боја. Го немаше на ниту една од телевизииве.

TERMINATOR 2Го носи името на еден од моите омилени филмови. Имав неколку вакви клонови. Имаше згодни џојстици. Единствена маана му беше што се расипуваше премногу брзо.

POLY STATIONИзгледа како ПлејСтејшн. Вакво немам, ама имам ПлејСтејшн. :)

GOLD LEOPARD KINGДоаѓа со тастатура. Доаѓа и со некој глуп софтвер, за кој што е наменета тастатурата.

NEWTENDO SUPER FAMCOMЕ, ваков клон сакав да имам кога бев мал. За жал, никако неможев да најдам. Еден другар имаше, го имаше купено од Бугарија.

STAR TREKОва го немам сретнато. Го видов на интернет, и е спакуван во неверојатно добра кутија.

4 comments:

Neno said...

знам ми текнува ко копиљ бев нешто на бит пазар и тој еден од тезгите кога ме убедуваше дека POLY STATION е уствари најнова верзија на PLAYSTATION.
:)

XXX-->Ivan<--XXX said...

Респект за постов.

Верверичката said...

Постов стварно ти вреди. Алал да ти е за анализата и за времето што си го потрошил за барање на инфо.

И јас се сеќавам, рани 90-ти, две слични конзоли зедов, по 100 марки тогашни ги платив, а после неколку месеци за 30-40 марки по пазари се наоѓаа. Па и моментот за „безжична“ конеција со тие жиците беше луциден ептен. Колку само денови на овие конзоли имам потрошено, не питај.

Него, ако имаш инфо, или ако си дознал нешто повеќе за Нинтендо Вии, пиши некој пост и за него, како функционира и сл. План ми е да земам вакво нешто.

Гоце Велески said...

Моето стои дома, фалат џојстици и може да се стаиме еден ден стрит фајтер или нешо такво :)