November 24, 2007

Една година Crapwerk


Помина една година од првиот пост на Crapwerk. Брзо лета времево... Повеќе од 100 поста до денес. Триесетина тука и околу 70 на првата верзија, на Блогерај, каде што започна целата оваа приказна.

Толку за ова.

Деновиве ми се враќа инспирацијата за пишување, имам еден куп идеи, уште да најдам време. Заврши колоквиумскава недела, можеше да заврши и подобро, но тоа е тоа. Како што вика една колешка, "Јануари е мој месец". И мој.

Моментално правам семинарска за instant messaging, може и ќе ја ставам на блог, а со мали измени би можело тоа да оди и на македонската Википедија. Нормално, кога ќе ја завршам, ќе видам дали ги задоволува критериумите да биде некаде јавно објавена.

Од понеделник се враќам на C кодирање, сакам да се одморам викендов, да изгледам некој филм. Најубавите вести, се тоа што конечно излезе Futurama филмот, Bender's Big Score. Океј, официјално сеуште не е излезен, но благодарение на пиратеријата, ми стои на хард-диск и чека да најдам слободно време и да го изгледам.

За крај, имам потреба да препорачам блог. Повелете: Tux Enclave.

8 comments:

XXX-->Ivan<--XXX said...

Со среќа нека ти е! Кај и да е за 20 дена и ја славам 1 година :)
Поздрав.

Ivana said...

Happy Birthday to you,
Happy Birthday to you,
Happy Birthday dear Crapwerk
Happy Birthday to you!

Нека е со среќа, уште многу вакви прослави во иднина. Се надевам дека и јас ќе дочекам прв роденден за мојот Recycle Bin :)

Bunka said...

Епа ај :)

Бојан Николов said...

Фала, фала. Да ви се врати. :)

Neno said...

Еден од најквалитетните македонски блогови што го читам веќе со месеци.

Честитки! :)

Karakash said...

Честито!

Rogi said...

Среќен роденден :)и уште многу постови...

freestyle said...

синне или бојан исто е......
ај нека е среќен роденденот...
а каде се чоколатцата бе шо треба да ги послужиш......... :)