April 10, 2008

Spawn

Првпат се сретнав со Spawn пред некои 10 години. Многу често го вртеа филмот на телевизија. Тогаш не знаев дека е правен според стрип. Некаде 2003-2004 налетав на стрипот, првиот број, сосема случајно, на ЦД кое го земав за сосема друго нешто. Spawn како лик ми остави јак впечаток уште од филмот, така да кога го прочитав првиот број, ми стана уште поинтересен. Тој период имав dial-up, не можев да симнам повеќе, ниту па да најдам од некој, а камоли да набавам на хартија. Конечно, на почетокот на 2005 имав АДСЛ, и почнав со симнување на Spawn скенови...

Како што навлегував во приказната, толку повеќе се приврзував за Spawn, развив некоја чудна емпатија што се уште ја чуствувам кога го читам стрипот. Можеби и премногу навлегов во суштината на ликот и работите што му се случуваат.


Кој е Spawn? Spawn е формата во која Al Simmons, платен убиец со меко срце (pun intended), се враќа по неговата смрт. Убиен и предаден од неговиот шеф, Al завршува во Пеколот. Поради преголемата љубов кон неговата жена Wanda, Al во Пеколот склучува договор со демонот Malebolgia, да се врати на Земјата, под услов да ја води армијата на Пеколот. Al Simmons станува Hellspawn, суштество со натприродна моќ. Malebolgia го враќа на Земјата, но 5 години во идинината, каде што Wanda е мажена со неговиот најдобар другар Terry и има дете со него. Spawn му го врти грбот на Пеколот, и останува во средина на битката помеѓу Пеколот и Рајот, чии што сили се обидуваат да му наштетат - секоја страна со различна цел.


Тоа е воведот отприлика. Најинтересното беше некаде околу 100 број, приказна што кулминираше дури после 60 броја. Нема да раскажувам што и како се случува, најдобро е да се прочита. Битно, во ниеден момент не стана досадно. Стрипот е моментално до 177 број, го чекам скенот да се појави негде за симнување. Баш поради ова толку време ги читав старите броеви, не сакав да дојде време да треба секој нов број да го чекам вака. :)


Првиот број на Spawn се појавува во 1992 година, а зад него стои бившиот Marvel цртач, Todd McFarlane исто познат како создавачот на Venom. Колку и да е добар McFarlane, мислам дека стрипот најубаво изгледа додека е Greg Capullo одговорен за цртање. McFarlane понатаму се грижи само за насловната на стрипот, уредувањето и одговарање на писма од читатели што обожавам да ги читам и ги читам само во Spawn. Денес веќе ни тоа не го прави, туку се грижи за копанијата. Покрај главниот серијал, Spawn изобилува со мини-серијали и spin-off серијали кои се исто така добри.


Во 1997 се појавува и филмот што го спомнав погоре. Добар е, само е многу различен од стрипот, најмногу поради малиот буџет кој им бил доделен. Нешто подоцна се појавува и анимирана серија која е речиси иста како стрипот, и затоа ја обожавам. Веќе со години се најавува нов филм и серија, и никако да ја видат светлината на денот. Има и неколку игри кои уште ги немам играно...

Толку сега за сега. Нека биде мал вовед во она што планирам да го пишувам за Spawn. За мене е најдобриот стрип-херој што некогаш бил измислен.

3 comments:

Љубиша Сулимановиќ said...

Грејт сксес!Ај ќе ти ги читам статииве па може ќе се вратам на стрипот... Ќе треба Мекфарлен да ти се захвали!

Ivana said...

Интересен тип е,памтам филмот го иам глеано од копиљ :)

Unknown said...

Spawn е фасцинантен карактер, еден од поинтересните стрип ликови (јунаци) барем од моето детство, незнам зашто од некоја чудна причина до сега не ми текнало да го симнам од нет. Во последно време читма доста стрипови и e-book's од причина што на лаптоп е полесно него на PC :) само едно ми недостига е тоа е мирисот и тактилното чуство на hardcopy било тоа стрип или новела.
Anyhow супер ти е блогов :) продолжи само така!
-d(-_-)b-