September 2, 2008

Don LaFafontaine (1940 - 2008)

Сите го знаеме неговиот глас, сме го слушале на трејлери и реклами. Во неговата 40 годишна кариера има снимено преку 5000 трејлери за филмови, игри, разни реклами и еден куп други работи. Дури и гостуваше во неколку епизоди на Family Guy и една епизода на American Dad.

Немам што друго да кажам освен тоа дека ќе ми фали неговиот глас. За крај, погледнете еден краток документарец за него каде што зборува за неговата кариера. A, исто така еве го и скечот што го направи Пабло Франциско познат и во Горно Ботушје.

Навистина незнам што е со 2008. Неможе еден месец да помине, без да почине некоја значајна личност...

4 comments:

Влатко said...

R.I.P. ... Ептен често овие зборови ги кажувавме во 2008 за жал... Се надевам дека сите се на едно пубаво место сега.

Ивана said...

RIP. Најдобар глас ever!

Nathan Summers said...

Еј Бед еј, не ми се веруе кој умрел.

Rogi said...

R.I.P. Штета. Сега ќе бидат тапа трејлерите :)