July 27, 2008

Stargate SG-1 импресии

По месец дена интензивно гледање Stargate SG-1, стигнав до крајот на шесттата сезона. Останаа уште четири сезони, ама решив да одмарам од SG-1 некаде до август. Вака многу ќе ми дојде. Серијата издржа 10 сезони, многу промени, втор серијал Stargate: Atlantis и пред некој месец и два филма директно издадени на ДВД.

Што да се каже за Stargate SG-1? Една од најдобрите и најоргинални (вклучувајќи го и филмот, нели) СФ серии било кога снимени. Уникатниот начин на патување низ универзумот, приказот на историјата на човештвото и египетската митологија, сарказмот и иронијата на Џек О'Нил...

Првата сезона почнува една година по настаните во филмот, се формира тим наречен SG-1 (потоа има и други SG тимови кои се појавуваат, но само како споредни улоги) предводен од Џек О'Нил. Тргнуваат на истражување на планетите преку Ѕвездената Порта, среќавајќи се со разни раси како и главниот непријател кој прети да го освои/уништи целиот универзум - паразитската раса Goa'uld, чии што домаќини се познати како богови од различни митологии.

Во Stargate повеќето раси изгледаат исто како луѓето од Земјата, затоа што сите настанале од еден ист предок. Нормално, ова не објаснува зошто сите зборуваат англиски, а не е ни битно, не барам многу логика во Stargate.

Серијата напредува од сезона во сезона. Во првата сезона се приметува дека уште бараат правец во кој ќе се движи, во втората веќе се стабилизира за трета и четврта да изобилуваат со добри епизоди и приказни. Петта имаше и одлични приказни, ама и епизоди кои не ни издржав да ги догледам до крај. Исто така, имаше и неколку гостувања на актери од Star Trek. Во шесттата, доаѓа до промена во актерската екипа, си оди Даниел Џексон и доаѓа нов член во тимот, Џонас Квин. Иако се сомневав во квалитетот на сезоната, ме изненади со новиот правец на серијата, приказната повеќе беше сконцентрирана на ликовите, помалку off-world епизоди како и вметнувањето на вселенскиот брод. Со крајот на сезоната започна и приказната која води до Stargate: Atlantis, колку што имам читано, се развива низ цела седма сезона. За тоа, во август.

Мислев да пишувам повеќе за приказната, но во некоја друга прилика, сега некаде биде вака општо за впечатоците од серијата.

4 comments:

Neno said...

Јас го симнав Stargate: Continuum уште пред 2 месеци но уште го неам гледано, поврзан е со серијава?

Бојан Николов said...

Да, да. Тој и Stargate: Ark of Truth се продолженија на серијата. Така да, многу работи нема да ти бидат јасни.

Гледај го оној со Курт Расел од 1994 и почни ја првата сезона. :) Батали го Continuum, тој е ако си ја гледал последната сезона.

Ивана said...

Интересна е серијава, поготово ме заинтригира уште на почетокот паралелите, објаснувањата на египетската метологија, нормално од нивна перспектива. Им држи вода теоријата =)

Влатко said...

Ke ima uste edna serija narecena Stargate : Universe, a za ovaa serija jas i Juze trubevme uste pred pet godini ama nikoj ne ne slusase togas. Prekrasna serija, gledaj i Stargate Atlantis nema da zazalis. p.s. Poveketo scenaristi (osven mozda D.Moore) od Star Trek se prefrlija na ovaa serija taka da od tamu iskaca Star Trek duhot. Ednostavno - Stargate e Star Trek na nasata generacija.