Деновиве по интернетов почна да кружи видео од група која објави војна на култот кој со години цеди пари од неговите прврзаници, и сее смрт кај тие што се откажале.
Од пред неколку години почнаа да делуваат и кај нас, намамувајќи ги луѓето со нивните бесплатни стрес-тестови. Повеќе за ова, на овој линк. За среќа, не се толку распространети и мејнстрим, но се ужасно досадни и напорни.
Групата се нарекува "Anonymous" и се заканува дека ќе го уништи култот. Деновиве делуваат хакирајќи ги скиентолошките сајтови, а најавуваат и превземање на други радикални мерки, надвор од сајбер-просторот.
Иако ја поддржувам секоја акција на "Анонимните", не верувам дека ќе успеат да направат нешто поголемо од хакирање сајтови. Дури и се сомневам дека зад видеото стои некоја поголема организирана група. Веројатно се работи за некој измамен поранешен член, кој ги согледал последиците. Сепак, видеото имаше ефект, се крена прашина и верувам дека поголем број луѓе се информираа за негативното влијание на Скинетологијата и Скиентолошката црква.
Повеќе информации околу ова, може да се најдат на овој линк.
За малку ќе заборавев, кој не ја гледал South Park епизодата "Trapped in the Closet", да ја гледа што поскоро. :)
5 comments:
Хаха Анонимус :)
Мислам дека ќе те интересира овој сајт :)
http://4chan.org
It's over 9000! :)
Исто и ова:
http://www.encyclopediadramatica.com/Anon
:P
Anonymous rulz the internets lulz!
http://en.wikipedia.org/wiki/Lisa_McPherson
*inform the masses*
"...култот кој со години цеди пари од неговите прврзаници, и сее смрт кај тие што се откажале."
Мислиш ли дека останатите религии се поарни?
Не. Сите религии се штетни на свој начин. Значи, не сум религиозен. :)
Post a Comment