June 18, 2008

Бостон Селтикс - НБА шампиони за 2008

По 21 година, Бостон Селтикс пред малку ја освоија седумнаесетата титула! Скроз ме расони утакмицава, иако Селтикс убедливo тепаа уште на завршетокот на првото полувреме. На крај, со 39 поени разлика, комплетно ги понижија Лејкерс. Да сум Лејкерс фан, нема да излезам од дома до крајот на неделава.

Незнам што беше работава. Полоша игра на Лејкерс немам видено. Очекував многу повеќе, да видевме бар малце понапнато финале. Ама сепак, нема ништо подобро од поразен Коби со скисната фаца. :)

MVP за финалето 2008 е Пол Пирс. Заслужено. Гарнет исто можеше да земе, а и Реј Ален (тројките, човече!).

Сериозно, ептен ми е мило за Селтикс. Пак ќе кажам, очекував многу понапнато финале. Ова беше ко на заебанција. Лејкерс - срамота! Барем тие што го споредуваат Коби со Џордан конечно ќе може за заќутат.

НБА оди на одмор до есен, и се надевам дека конечно ќе видиме добра игра од Мајами.

4 comments:

XXX-->Ivan<--XXX said...

Абе ајде.

Бојан Николов said...

Еее, ја кога зборев... :)

Nathan Summers said...

ај честито титула

Shepard said...

како може фан на мајами, кои беа убедливо задњи во лигата, да сере за лејкерси, кои истепаа све на запад, кој беше најконкуретната конференција у историја на лигата :)