May 24, 2008

Indiana Jones and The Kingdom of the Crystal Skull (2008)

Ако треба да изберам само еден филм кој ми го обележал детството, би се мислел помеѓу некој од Индијана Џонс филмовите.. Тоа вчера што го доживеав во Рамстор киното, беше многу повеќе од враќање на убавите спомени. Два саата бев окезен, скокав од столчето, и цело време кажував дека ќе дојдам да го гледам уште неколку пати додека не излезе на ДВД. Кратко и јасно: Indiana Jones & The Kingdom of the Crystal Skull е најдоброто враќање на херој од осумдесетите! Тоа што вчера го почувстував, тешко дека ќе можам да го опишам со зборови. Ќе кажам само дека долго време не сум гледал толку добар филм.

Харисон Форд е незаменлив. Иако остарен, сеуште го има тоа за да го носи шеширот на Индијана Џонс. Мислам дека и уште пет дела (Даааа! Ајде!) да сними, нема да го изгуби шармот и неприкосновената харизма.

Филмот е генијален од секој аспект. Приказната е таа, колку и некои луѓе да беа разочарани на крајот, тоа е - Индијана Џонс никогаш не се занимавал со реални работи. Другата работа, што комплетно ме вoодушеви е тоа што за снимањето не е користен дигитален формат, така што филмот изгледа како да е снимен во осумдесетите, неколку години после последниот филм. Да не спомнувам дека има еден куп референци до претходните делови, кои го прават сценариото уште подобро.

Сега ми е јасно зошто чекавме толку години на филмот. Спилберг комплетно го оправда чекањето, и достоинствено го врати Индијана Џонс на публиката.

Е, ова е филмот на годината! Не е ниту Iron Man, а нема да биде ни The Dark Knight, без разлика на тоа колку се добри.

5 comments:

Љубиша Сулимановиќ said...

Ма каков Dark Knight! Indiana беше невидено добар. Како да гледам олд скул филм од 80ти. Ремек дело! Харисон владее и после 19 години пауза. Дури и Шеа беше закон!

Ivana said...

Ме мрзи да пишувам.Супер бече, јаки референци до старите делови, ама на крај олоцетворението беше с**ње. :)

Anonymous said...

Факултетов ме кочи да идам да го гледам у пизду матер! :)

Anonymous said...

Филмов е ремек дело! Криво ми е само што не го глеав на кино, но нема врска, и вака си го доживеав одлично.

Бојан Николов said...

Требаше у кино да го гледаш. Играше неколку месеци у Рамстор.