August 18, 2008

Hallowed are the Ori

Иако сум строго против нивното агресивно наметнување на фундаментална религија, Oрај се закон како раса и достојна замена за досадните Гуауалди, кои по осум сезони станаа повеќе од напорни. Само што ја изгледав деветтата сезона од Stargate SG-1. Со оглед на тоа што има големи промени во тимот, Камерон Мичел (Бен Брауер од Farscape) на местото на Џек О'Нил (Ричард Дин Андерсон си заминува) и новиот генерал Хенк Лендри, сезонава и не беше толку лоша.

Но, да продолжам каде што застанав со минатиот пост за Stargate SG-1. Значи, Мајкл Шенкс се враќа како Даниел Џексон со седмата сезона и инстантно го тргаат ликот што успеа да се вклопи во тимот - Џонас Квин. Премногу брза промена, можеле да го задржат за уште некоја епизода. Ако сум добро информиран, продуцентите не биле финансиски моќни да го задржат и Корин Немек (Џонас Квин), па затоа неговиот лик го тргнале од приказната. Седмата сезона има добри моменти, но поголемиот дел беше досаден со епизоди кои буквално нема никаков шарм и делуваа како да се таму колку да се исполни квотата и дваесет и кусур епизоди за цела сезона. Од друга страна имаше одични епизоди како "Evolution" или "Lost City".

Осмата сезона е врвот во Stargate SG-1. Ефектите стануваат многу поквалитетни, приказните се генијални, го победија главниот непријател, а самата серија одите во малку поинаков правец, бидејќи тука си заминува генералот Хамонд, а Џек добива унапредување и го завзема неговото место па SG-1 останува со три членови. Крајот на сезоната се две епизоди кои би ги ставил во десетте најомилени Stargate SG-1 епизоди.

Деветтата сезона е многу поинаква од тоа што досега го видов од SG-1. Има феноменален почеток, но тоа што следи понатаму е просечно, со исклучок на една-две епизоди. Новите актери и ликови се супер, со исклучок на Вала, кучка што ме курчеше дури повеќе од Весли Крашер во Star Trek: TNG и коај за жал ја има многу повеќе во десеттата сезона. Деветтава имаше океј завршеток, но одлучив да сопрам тука. Ќе ја оставам последната сезона за во иднина и ќе седнам да гледам Stargate: Atlantis онаму кај што застанав.

По речиси два месеци интензивно гледање Stargate, премногу ја засакав серијата и ликовите. Слободно можам да кажам дека ми е една од омилените десет серии. Некако се навикнав да гледам секој ден по најмалку две епизоди и сега ќе ми фали. :)

Во план ми е деновиве да го гледам и новиот филм Stargate: Continuum, па ќе пишам рецензија.

2 comments:

Ивана said...

Ок е серијава, само малце сумљив беше почетокот на 9-та сез.

Losteech said...

Дјуд, уат д хел ар ју токин абаоут? :)