Со една недела закаснување (беше одложено поради празникот минатиот викенд), конечно Morningtide pre-release турнирот. Кај што ми е криво што паузирав со Magic: The Gathering толку време, туку криво ми е што дури сега првпат учествував на ваква дешавка.
Со 75 рандом карти (tournament pack) + три booster-и излезе фин дек (со 40 карти), па планирам да играм слична комбинација во иднина. Нормално, најинтересно е што ваквите турнири се играат со нови, непознати карти, плус pre-release картата за колекционерите.
Во иднина (ако продолжам да играм, нормално), нема шанси да пропуштам pre-release. Следното вакво случување е дури во април, за Shadowmoore.
Планирав да направам неколку фотки од тоа што се случуваше во "Гоблин", само што се сетив на планот откако заврши. :)
5 comments:
Ето ти. :)
Аааааааааааааааааааааааа
Magic the Gathering!!!
Колку само ми се приигра во моментов... Баш завчера си ја гледав папката со картите. Ако сакаш може да се најдеме да се испуцаме по некоја партија :) Ја немам со кого да играм. Инаку целосно пратев само една едиција - Kamigawa, која што за мојот вкус беше една од најдобрите издадени. Со излегувањето на Герника престанав да играм, поради обврски...
Него, ако си за по една партија, пиши обавезно :)
Ако користиш мсн месинџер пиши ми ПП.
Пратено, Док.
Kamigawa и јас би ја избрал како омилена. :) Криво ми за Time Spiral што ја пропуштив. Сеуште се игра, и има неверојатно добри карти.
Lorwyn е исто така супер.
Герника пишав горе... оооо боже RAVNICA, RAVNICA ne GERNICA :D:D:D Се гледа колку не сум упатен во МТГ... Ајде, ќе се слушнеме на мсн па ќе се договориме :)
Post a Comment