March 19, 2008

Ду нат лет ит сноу

Сабајле кога станав, мислев дека сум бил во кома неколку месеци. Снег? Во средина на март? Океј е кога ќе падне во декември. Ама, март? Што вика еден другар, нуклеарна зима од атомската бомба во Албанија. :)

Низ град денес беше како во ноември. Мокро, лигаво, ладно, смрдливо... Јас не памтам да март да бил волку сјебан. Дер гоус пролетната идила.

Енивеј, морав да пешачам околу 30 минути од точката А до точката Б. 100% сигурен дека како град не можеме да се справиме со дожд, снег или слично. Некако ми е бесцелно ако спомнам, ама факт е дека секаде, на секои два метра има дупка/вдлабнатина, па вир, езеро, мочуриште и слично водно пространство. Веќе се навикнав да имам вода во патиките и да ме прскаат коли.

Си купив приконстрактед Saviors of Kamigawa дек. Ако за нешто најмногу ми е криво во врска со Magic: The Gathering, тоа е што ја пропуштив средината и крајот на Kamigawa блокот. Среќа, најдов во "Гоблин, последен беше, јебига, старо е ова три години. Расположен сум за купување/размена на стари Kamigawa декови/карти, па заинтересираните нека ме контактираат. Ако не, ќе се потрудам од интернет да нарачам нешто. Не ми се баш за играње, туку сакам да си ги имам ради ќеиф. Барем приконстрактед дековите.

Инаку, изминативе денови темплејтот на блогов тотално беше сјебан. Серверот каде што беа хостирани позадинските слики за сајдбарот, постовите и сл. Нешто имав зачувано, нешто досредив во GIMP. Сега е океј, се додека ги има на ImageShack, блогов ќе изгледа вака фино.

За неколку саата новата South Park, едвај чекам, ќе ја симнам сабајле. Моментално симнувам се отпочеток, DVD rip, ми скурчи од грдине .rm фајлови. Ќе можам асално да гледам South Park за некое време.

П.С. Bee Movie е закон.

6 comments:

Nathan Christopher Summers said...

In ImageShack we trust :D

Ивана said...

Абе јеби га :) Bee Movie е супер!

Neno said...

И јас ги имам South Park од 1-ва до 10-та .rm квалитет. :) Од 11-та ги симнувам константно .avi (DVD Rip, TV Rip).
Но во план ми е да си ги нарачам оригиналниве DVD-a.
:)

XXX-->Ivan<--XXX said...

Нено кога ќе нарачаш кажи ми од каде си ги земал... :)

Neno said...

Ќе видам. Тоа во последен момент ќе одлучам од каде. Кој сајт ќе поддржува гугл чек аут и ќе нуди најефтин шипинг за FYR, од таму.

Владимир Цековски said...

Jas sum prespal i sneg i so sneg izmoren od rabota prethodniot den... Inace i jas ko poveketo tuka gi imam South Park prvite deset sezoni na /rm kvalitet :)