April 4, 2008

The Punisher (1989) VS The Punisher (2004)

Мислам дека во доволен број наврати имам кажано дека The Punisher ми е еден од омилените, ако не и омилен, Marvel херој. Го сакам уште од играта, поради која не излегував од флиперниците како мал.

Овие два дена, седнав да ги гледам двата филма, како припрема за новиот (The Punisher: War Zone) што треба да излезе оваа година. Првиот The Punisher филм е од 1989 со Dolph Lundgren во главна улога. Го немав гледано, иако подолго време го имав дома. Вториот е оној со Tom Jane од 2004, го имав гледано уште кога излезе и нешто после тоа. Ми дојдоа супер филмовиве овие денови, со оглед на тоа што баш периодов читам The Punisher MAX Vol.5...


Двата филма се супер, ми се свиѓаат, иако се далеку од совршени, далеку од стрипот, но и двата се забавни за гледање. Веројатно, најголемата маана им е тоа што не се придржуваат до суштинските делови од стрипот, како на пример деталите за смррта на семејството на Frank Castle, а во стариот филм дури го нема ни черепот на облеката што е заштитен знак на The Punisher.


Да, знам и во Batman (1989) Џокер ги убива родителите на Брус Вејн, ама јас сум навикнат
(од играта) да гледам како семејството на The Punisher гине во Централ Парк.

Двата филма се потполно различни, иако потекнуваат од иста идеја. Од текот на приказната, до развојот на ликот на Castle, па дури и во бројот на жртви кој е еден од побитните фактори за добра екранизација на овој стрип.
Ќе ги издвојам работите ми пречат во двата филма.
The Punisher (1989)
  • Недостатокот на черепот на облеката на Frank Castle, главната физичка карактеристика на овој лик.
  • Начинот на кој што неговото семејство е убиено. И има син и ќерка, а не две ќерки (кои заедно со жена му, имаат различни имиња од стрипот).
  • Frank Castle не е детектив, туку маринец.
Тhe Punisher (2004)
  • Начинот на кој што неговото семејство (буквално цело, од родители до внуци) е убиено. Освен тоа треба да има две деца.
  • Џонтра Волтра. И еден скиентолог е премногу.
  • Недоволно акција. Тоа што го видовме беше супер, требаше повеќе.
  • Станарите во зградата. Сосема непотребно. Времето посветено на нив, можеше да се искористи многу подобро.
  • Недостаток на асален негативец.
Отприлика тоа е тоа. Има и други помали негативни страни и нема да ги спомнам.
Штета што Tom Jane се откажа од новиот филм, очекував да биде добар. Со Ray Stevenson мислам дека заебаа работа...

4 comments:

Nathan Christopher Summers said...

Jake Berkowitz: 2830 kills in 3 years! What do you call that Frank?
The Punisher: Work in progress...

Ивана said...

Ја го памтам првиов, сум го глеала ко мала, ама не да немав врска дека е всушност Панишер! A втоиотв гоп глеав пред некоја година (знаејќи кој е :) и онака ми беше.

Rogi said...

Фина споредба. Иако не сум го гледал постариот (ќе ти верувам на збор) ќе се сложам дека на новиов му фалеше акција.

Инаку кога сме веќе кај омилениот суперхерој, во мојот случај тоа би бил Волверин, само проади тоа што е најнеготивно настроен позитивен (барем според мене).

Бојан Николов said...

Вулверин ми е во Топ 5 и на мене. :)