April 29, 2009

X-Men Origins: Wolverine

Секако дека бев возбуден кога дознав дека се снима филм за почетоците на Вулверин, со Хју Џекмен во главна улога. Следев речиси се што се случуваше со филмот и се повеќе се плашев од кастингот, а особено од Лив Шрајбер (Сејбртут). Типот ми е антипатичен уште од малата улога во Scream трилогијата...

Филмот се сними а пред месец дена се појави и нелегална workprint верзија на филмот, со недовршени специјални ефекти на некои места, но со DVD квалитет на снимката. Не знам како толку голема компанија дозволи да се случи вакво нешто, па дури и новинарот кој напиша рецензија на workprint-от остана без работа, а последно што прочитав е дека осомничениот за пуштање на оваа верзија е некој од австралиското студио кое работело на ефектите на филмот. Битно, за еден ден, филмот беше симнат 75,000 пати.

X-Men Origins: Wolverine позитивно ме изненади, можеби поради тоа што имав навистина мали очекувања. Не сум доволно компетентен за да зборувам за сличностите со стрипот, бидејќи незнам многу детали за почетоците на ликот, освен тоа за Weapon X кое во филмов беше прикажано баш како што го знаев претходно, како и делот со војните.

За чудо, кастингот колку и да изгледаше лошо, некако сите успеале да се вклопат солидно. Хју Џекмен го обожавам, неможам да замислам друг за Вулверин. Можеби не е совршениот избор и неговиот Вулверин не е комплетно верен на стрипот, но одлично си ја врши работата. Сејбертут е исто добар, ме изненади, иако мислев дека ќе ми го заебе филмот. Камео улоги на други мутанти, Скот Самерс, Ема Фрост, (ужасен) Дедпул и нормално, изненадувањето на крајот што не го очекував. Тука е и Гамбит, со промашен акцент, но изгледа исто како во стриповите. Гамбит ми е еден од омилените ликови и мило ми е што конечно го видов на филм. Штета што ликот не е толку познат за да добие сопствен филм.

Да резимирам. X-Men Origins: Wolverine е солиден филм. Не би можел да го споредам со X-Men трилогијата, ќе мора да го гледам уште неколку пати. За разлика од The Incredible Hulk кој тогаш ми остави позитивен впечаток, а денес не го ни памтам, е ремек дело. Wolverine ќе го гледам пак, со довршени специјални ефекти, се разбира.

Инаку, поради leak-натиот workprint, конечната (изменета) верзија ќе се обидат да ја извадат со неколку алтернативни завршетоци кои едвај чекам да ги видам. Денес е премиерата на филмот во Британија, а на први мај ќе биде прикажан и во САД.

5 comments:

Losteech said...

Овде мислам дека ќе настапуваат двајца од LOST: тој Кими што го играше (не ми текнува името во моментов) и Доминик Монањан, ако не се лажам?? :)
Можда заради нив ќе го гледам филмов. Иначе не верувам дека ќе биде нешто посебно. =))

Бојан Николов said...

Ги има, али скоро и да не се приметуваат. :)

Име на Блогот... said...

http://utrinski.com.mk/?ItemID=CC945F784EA03A4BA07851AF133E17C3

Rogi said...

Вчера ја гледав недовршенава верзија. Од филмот сум максимално импресиониран! Немам друг коментар.

Дефинитивно ке го гледам пак, ете, најверојатно во кино :).

Random nobody said...

Е видиш .. јас имав големи очекувања и се разочарав :)
NEVER assume. :P