На Земјата никогаш не и се доволни инвазии од вонземјани. Неисцрпна тема, одамна присутна и милион пати интерпретирана на различни начини. Дури и V. Станува збор за римејк на серија од 80-тите, со вонземјани кои доаѓаат на Земјата со навидум добри намери, за потоа да се испостави дека се всушност lizard people кои и не се баш пријателски расположени.
Серијата обработува една од поидиотските теории на заговор за расата на луѓе-гуштери кои според Дејвид Ајк, го контролираат светот. Пред неколку години гледав некои документарци поврзани со типов, и неговите идеи се во најмала рака смешни. Друг пат за него, сега сакам да кажам нешто за серијава. Очигледно, ABC си планираат уште една серија која ќе ја пополни дупката после Lost. Сметам дека FlashForward има поголем потенцијал да го стори тоа, отколку V, пред се поради посвежата тематика и интересот на публиката. Вонземјаните не се толку популарни како порано.
Во V, вонземски бродови се појавуваат над поголемите главни градови низ светот. Вонземјаните велат дека се спремни да ги потпомогнат луѓето, со цел да ја стекнат нивната доверба, додека тајно спремаат инвазија и превземање на Земјата. Дел од луѓето се исплашени, додека останатите ги прифаќаат вонземјаните и се спремни да живеат со нив.
Знам дека звучи интересно. Старата серија (има и филмови, и мини-серијали) ја немам гледано, ама сум читал нешто порано. Новава почнува со прикажување на 3-ти ноември. Има интересен кастинг, а автор е типот на The 4400, Скот Питерс. Не дека не знае да направи серија, туку незнае да го задржи вниманието на публиката. The 4400 пропадна, а типов е инволвиран и во најлошите сезони на The Outer Limits. Ќе видиме, очекувам добра-пилот епизода, ако ништо друго.
На официјалниот сајт има трејлер, слики и други информации.
1 comment:
Сакам да го ѕирнам ова.
Post a Comment