January 15, 2008

Првите две епизоди на Terminator: The Sarah Connor Chronicles


Пишував за серијава пред неколку месеци. Пилотот и втората епизода беа прикажани синоќа во Америка. Сабајле веќе ги имаше риповите за симнување. Ги симнав, ги изгледав и покрај тоа што немав таква намера. Но, штом го преживеав гледањето на Terminator 3: Rise of the Machines, немав проблем со серијава.

Дејствието почнува неколку години по настаните во Terminator 2: The Judgement Day, во 1999 година. Сара и Џон Конор бегаат од полицијата и се обидуваат да имаат нормален живот. По Џон Конор, пратени се нови Терминатори, некои да го убијат - и еден (една!) да го заштите. Битно е да се спомне дека серијава ги игнорира настаните во T3 (ова јас го правам со години). Интересна е приказната. Доколку T3 беше нешто слично на ова, сигурен сум дека ќе ми се допаднеше повеќе.

Кастингот не е лош (Lena Headey е прекрасна како Сара Конор), глумата е исто така солидна а сценариото на моменти делува исфорсирано, особено кога ги рециклираат репликите на Шварценегер. Интересно е и поврзувањето со првите два филма, враќањето на стари ликови и слично.

Негативни страни, има многу. Интересен почеток, но имам некои забелешки. Зошто Терминаторите кои се пратени да го убијат Џон Конор се поблиску до моделот на Шварценегер? Сфаќам дека е серија, и сакаат да вметнат повеќе ликови, но бар двајца слични на T-1000 ќе завршат работа, со оглед на тоа што овој пат Џон Конор го штити модел на Терминатор кој изгледа како тинејџерка.

Акцијата не недостасува, уште во првата епизода имаше доволно. Во втората веќе има разработување на приказната. За ефектите нема да зборувам, свесни сме што се може да направи денешната технологија. Очекував ова да биде полошо. Многу полошо. На крајот на денот, и не излезе толку катастрофа колку што се очекуваше. Генерално, критиките за серијата што ги читав се позитивни, и како што гледам, серијава ќе доживее барем една сезона. Јас не планирам да гледам понатаму, доволни ми се овие две епизоди.

Кога сме веќе кај Терминатор, во 2009 изгледува четвртиот дел, Terminator Salvation: The Future Begins со Кристијан Бејл во улога на Џон Конор.

6 comments:

XXX-->Ivan<--XXX said...

Ау и серија ли доживеа Терминаторов?? Па ДОСАДНО е бе сфатете више еднаш! :O

freestyle said...

мене н е ми е итнересен филмов, никогаш не сум го сакал

Neno said...

Terminator sucks! :)

freestyle said...

Neno rules ;)

Neno said...

Фристајл пази го ова:
Кој е терминатор на калифорнија?
Шварценегер
хехе

freestyle said...

можда е пратен од иднината да ја заштити калифорнија ;)