January 15, 2009

Bolt

По WALL-E, најдобриот анимиран филм кој излезе минатата година, директно од кујната на Дизни (без Пиксар).

Болт е кутре, кое заедно со девојчето Пени, е дел од популарна акциона серија каде што го толкува главниот лик - куче херој. Фората е во тоа што Болт незнае дека е актер, бидејќи за да се зголеми неговиот перформанс, продуцентите одлучиле да снимаат со скриени камери и го оставаат да верува во неговите супермоќи. Рејтингот на серијата опаѓа, па одговорните одлучуваат да направат пресврт во приказната по што Болт е раздвоен од личноста која најмногу ја сака - Пени. Бидејќи верува дека таа е навистина киднапирана, тргнува да ја бара и излегува од студиото каде што го поминал целиот живот снимајќи ја серијата.

Од тука некаде почнува филмот, кој навистина ми го направи денот, без разлика на тоа што беше предвидлив и не понуди нешто којзнае колку ново. Сепак, ликовите се одлично изградени, покрај Болт, тука е и мачката Митенс (гласот на разумот) и дебелиот хрчак Рино кој исто како Болт, не прави разлика помеѓу фикција и реалност. Анимацијата е беспрекорна, за тоа воопшто и не треба да се дискутира. Како што технологијата оди напред, ќе добиваме уште подобри анимации. Обрнете внимание на гулабите.

Освен неподносливиот глас на Пени, другите се супер. Гласот на Болт го позајмува Џон Траволта. Оценката би била 7/10.

Следен анимиран филм на листата за гледање ми е Igor.

2 comments:

Losteech said...

За момент си помислив дека ќе напишеш нешто за спорт...ама не, дет вуд би ту гуд ту би тру. =))))
Иначе, во врска со филмов - ќе го земам деновиве па ќе напишам мислење. :)

Dushica said...

Starring:
The Pigeons:)
najdobri bea