Со 80 левел, покрај лутањето низ Нортренд, ми останува да играм инстанци, battlegrounds, арена и рејдови на главни градови на непријателската фракција. Инстанците не ми се нешто посебно интересни за играње, ама се добри за тимска игра, опрема и злато. Battlegrounds почнав скоро да играм, е тоа е далеку подобро, има тимска игра, стретегии и млатење до бесконечност. За арена ми треба добар тим, а таков немам.
Останува рејдањето на главните градови на Хордашките раси, како најинтересен елемент од играта за 80-ти левел. Вчера се собравме околу 50-тина луѓе и тргнавме накај Оргримар. Е, ова најмногу ќеиф ми прави. Сум приметил дека на серверов Хордата е далеку понеорганизирана што вообичаено не е случај, па се лесни за тепање. Во Алијанса има стварно добри играчи, искусни лидери што одлично се справуваат со понеискусните играчи во групата. А, треба добар лидер за да организира толку луѓе. Има и такви што кога се рејда групно и потребна е добра организација, трчаат напред први да удрат и најчесто први и гинат.
Интересно е, понекогаш е "не глеам кај маам" кога гледаш само гужва и мешаница од црвени и зелени имиња на играчи и гилдови. Оргримар е интересен за рејдање, зошто по пат до таму, има уште неколку места кои може да се опустошат. Би платил некад за WoW, само за да не падне серверот дур влагаш во градот откако си убил се пред влезот...
No comments:
Post a Comment