
Јас сум комплетно збунет од крајот на последнава епизода од петтава сезона. Да речеме дека тоа што сакаа да го направат Џек и Лок беше успешно, плус да беа објаснети уште неколку работи сезонава и
Lost комотно можеше да заврши тука. Не е некој крај што би сакал да го видам, но навистина немам идеја како би можеле да ја завршат серијава. Епизодава дефинитивно беше една од најдобрите и ми ја долови атмосферата од првите две сезони и ми докажа дека
Lost е најдобрата серија било кога снимена.
Мистериите се решаваат, се добива смисла и станува уште поинтересно. Не ми се верува колку добро ги поврзаа точките. И покрај муабетите дека сценаристите не го знаеа правецот/поентата на
Lost до третата сезона, сега е јасно дека некои од клучните работи кои се моментално дел од серијата, а се чепнати во првите две сезони, не биле толку случајно вметнати тогаш. Навистина секоја чест.
Останува да чекаме да пројде време до јануари следната година за последната сезона.
2 comments:
Не ми се верува дека на тебе ти се допадна финалево. Сега сум сигурен дека не е лошо!
Иначе, сега ќе направам еден ривоч, конечно. :)
Ми се лоши кога ќе ми текне дека до февруари треба да чекаме. ААААААААААААА!!!!!!!!
Post a Comment