Изминативе години ретко се налетува на оргинален СФ филм, кој излегува од досадните клишеа кои сме навикнати да ги гледаме. Откако The Matrix ја измени дефиницијата на жанрот и внесе свежина во Холивуд, ги видовме неправедно потценетиот K-Pax и генијалниот The Man From Earth, два филма кои ми се омилени СФ драми, кои се доказ дека филмовите од овој жанр можат да бидат многу повеќе од скапи специјални ефекти. За несреќа, К-Pax некако се заборави, а The Man From Earth помина речиси незабележан, без разлика што двата филма имаат неоспорлив квалитет.
District 9 ќе остане запамтен, моментално го добива секое внимание од критиката и публиката, се надевам дека култниот статус кој го доби дури прерано, нема да биде нарушен со лоши продолженија.
Филмот можеби и нема оргинален пристап на раскажување (има и други вакви филмови, да), но е убедлив, реалистичен и неговиот квалитет се базира токму на тоа. Браво за феноменалната режија. За приказната, освен малиот вовед, нема што да кажам, а да не биде спојлер. Вонземски брод доаѓа на Земјата (лебди расипан на Јоханесбург) и вонземјаните се приморани да го продолжат животот во областа наречена District 9, каде што владее општ хаос поради дивјачката природа на не толку интелегентните посетитли. Дел од мештаните на Јоханесбург се приморани да живеат со војземјаните, со што работите се дополнително искомплицирани. Ми се допаѓа тоа што во филмов режисерот Бломкамп р'же и на бесконечната себичност и животинското однесување на луѓето, како што тоа мајсторски го прави Ромеро во неговите зомби филмови. Треба само повеќе да се обрне повеќе внимание за да се видат сите овие пораки кои ги има во изобилие, некаде и толку директно што е изненадувачки.
Ефектите нема да ги коментирам, бидејќи одамна прекинаа да ме фасцинираат. Денес, буквално се е можно со CGI и ништо веќе не ме изненадува. Значи, тука правиме муабет за исклучително добар филм, со муда и силна поента. Додека не го гледам Inglorious Basterds, District 9 е филмот на годината, а нешто ми кажува дека така и ќе остане...
4 comments:
Не сфаќам зашто на Александар му смета политичката котација...tоa е како ај од Ромеро да не ми се свиѓаат првите 2-3 дела од неговион зомби серијал(останатите се многу лоши) поради општествено-социјалниот коментар :)
Не ми е омилен Д9 али е стварно интересен и добро направен, пример за тоа како да се направи добар СФ со помал буџет.
СПОЈЛЕРИ
Многу ми се свиѓа развојот на главниот лик, од еден антипатичен лигав тип на почетокот подоцна станува некој за кого навиваш на крајот...
Не знам дали му ги имаш погледнато кратките филмови на Бломкамп ? ...многу се јаки, тој краткиот по кој е направен Д9, па има еден Хејло по играва, и уште 3 има со роботи...Ме воодушеви, ја би му дал да направи Гоуст Ин Д Шел лајв екшн или некој од најновиве Робокап, Џаџ Дред,... римејци. :) Како што рече Стивен Кинг на времето за Клајв Баркер дека е иднината на Хоророт истото би го рекол за Бломкамп за СФ :) , очекувам бајги од него понатака (и од синов на Боуви - Данкан Џоунс, мада Сурс Код не беше толку добар како Мун)...
Ги немам глеано, фала за препораката. :) Ќе се ѕирне.
Иначе, никако GitS филм, ја сум строго против. :) Робокап, Џаџ Дред - океј, али никако GitS. :)
За Данкан Џонс истото и ја го мислам. Типот има фини идеи, само што изглеа го кочат продуценти при реализација. Со Moon ваљда не било така, имал одврзани раце и глеј каков филм е! Source Code е топ, освен крајот. Многу смрди на нарачан холивудски хепи-енд колку само да има таков.
(Пре)очигледно е дека му се мешале.
Најнај што се иам изнервирано за такви работи е за The Crow 2. цел саат (!) исекле од филмот, уште и монтирале нов крај (!), и као капак на све, и покрај барање на режисерот и фанови нејќат да ја издадат оригиналната верзија.
И The Crow го чека римејк. У средно, кецот ми беше у Топ 10 омилени филмови. :) Двојката не е ТОЛКУ лош, ама останатите, особено оној со Едвард Фарлонг се ужас.
Инаку друже, дај потпиши се некако, да знам дека истиот човек коментира. :))
Поздрав.
Post a Comment