November 26, 2009

2012 (2009)

Го гледав вчера во Рамстор. Арно што го донесоа, зошто немав намера да го гледам на лоша кино снимка, а ми се гледаше. Искрено, мене филмов супер ме извозе, после напорен ден ми дојде одлично за исклучување. Се внесов скроз тие два и кусур саата. Ефекти лудница, можеби и најдобрите што сум ги видел до сега, приказната никаква, сценариото шутро - значи, се испадна како што очекував. 2012 се плука беспотребно. 
 
Не знам што очекуваа тие што се разочарани од филмов. Филмовите со глобални катастрофи се вакви и ефектите имаат приритет. Претерување има, намерно е, па сцената кога бегаат со колата и авионот воопшто не ме изненади. Али, нека дојде нека се пробие така низ гужвана Рекорд или Бит-Пазар у 4 саат попладне... 
 
Ликовите се тие, клишеизирани до максимум, ама мора да има таква упорна фамилија што ќе им пркоси на законите на физиката, ќе лета со авион меѓу згради, ќе преживува вулкански ерупции и ќе се санка со Бентли. Мора. Претседателот, нормално, мора е црнец, а Дени Гловер ептен легна за улогата. 
 
Од сите слични филмови, можам да го издвојам за фаворит, зошто за ова ми се пресудни ефектите. Горе-доле сите се со истата приказна, раскажана преку херојската фамилија, секогаш ги гледаме уништени истите градови и сите имаат хепиенд, т.е. среќа во несреќа. Налет среќата што си преживеал кога 98% од луѓето што ги познаваш се мртви и плус тоа немаш ништо освен облеката што моментално ја носиш. Планираат серија која ќе ја продолжи приказната на филмов, со група на преживеани и ќе се случува во 2013. Не верувам дека ќе го гледам тоа.

1 comment:

Losteech said...

Мислам дека за постов што си го напишал за „2012“ немам што против да искоментирам. =))

Еве и јас напишав пост за филмов: http://lostseries.blog.com.mk/node/257847#new :)

Како што гледаш во многу нешта сме истомисленици.

Инаку, се согласувам дека претседателот најдобро изглуми, заедно со се тој научникот (Чиветел Ајфор)