April 27, 2008

Бетмен, Бетмен, преку Бетмен!

После неколку неуспешни обиди да ги симнам првите два Бетмени на Бартон на DVD-R (со бонуси, менија и слични срања), ги симнав DVD-rip со сомнителен квалитет, но секако се подобри од овие верзии што веќе ги имам со години. Како и да е, ќе чекам некогаш да се појави асален DVD-R со доволен број на сидери.

Уште неколку месеци до премиерата на The Dark Knight. Гледам, продолжуваат со viral marketing, добро е, но штета што мораа да се оддалечат од Хит Леџер. Без оглед на тоа што се случи, сите знаеме дека Леџер го вади целиот филм. Само се надевам дека Бејл нема да биде толку лош како во Batman Begins. Имаше време да ги земе во предвид и негативните критики.

За тоа колку Ајрон Мен ќе биде подобар од Бетмен (како лик, не само како филм), Full Frontal Nerdity вели (клик за поголемо):

П.С. Сакав да кажам дека ми се појави Хит Леџер како Џокер на јајце вчера, ама би било премногу сурово. Иако народов е глуп како граѓаните у South Park, и сигурно би се нашол некој што ќе поверува...

П.П.С. Crapwerk прашува: "Ќе биде ли добар новиот Бетмен филм?"

5 comments:

Ivana said...

Сигурна сум дека ќе е супер Ајронмен, ама сепак Бетмен е олд скул и ништо нема да го замени. Можеби ако продолжат со лоши римејци и лоши глумици, ќе успеат да ја срушат претставата за Бетмен на филм.

Бојан Николов said...

Бетмен си е Бетмен, али и Бејл си е Бејл. Само он може да усере.

Anonymous said...

Новиов Бетмен ќе биде добар тоа е факт, но како нормално филмче а не како Бетмен. Неможе главниот лик да го толкува морон а ти да го игнорираш тоа све туку така и на крај како целовкупна оценка да му дадеш на филмов преодна ради некој си Џокер.
(Иначе по цртаниве што ги изгледав а и по Леџер морам да акцентирам дека Џокеров ми станува све поомилен и поомиелен)
Не сум некој експерт за Бетмен, ниту пак сакам да сум но едноставно кај мене не може да помине нешто туку така, во овој случај Бејл.
Види, и Бетмен Бигинз е добар. Може премногу серев за него пошто се накурчив ради тоа што малце избегаа од приказната, лоши глумци, ефекти и сл. ствари но не е катастрофа.
Но ни оддалеку не е Бетмен, ако веќе збориме за тоа како треба да изгледа Бетмен.
Катастрофално продолжение, во секој случај.
Се надевам Д Дарк Најт ќе биде колку толку за нешто подобар, иако не очекувам ништо ниту пак сум нешто посебно загреан за неговава премиера.

Извини за рецензијава
Поздрав.

Влатко said...

Јас па лично многу повеќе го ценам Balе отколку вас - типот е фанатик, кон секоја улога приоѓа со истиот жар и фанатицизам и е тип кој (по Norton,Burton и компанија) навистина зема и го ПРОЧИТА стрипот по кој прави филм. Заедно со Nolan, им симнувам капа. Да не беа тие двајца, ќе гледавте Batman со брадавици. А за тоа дали ви се свиѓа како Batman - јас знам типче кое ми тврди дека Клуни бил најдобар Batman. Зарем треба тоа да биде и мое мислење? Да завршам, не ги мешајте фактите со личните ваши убедувања и мислења Batman - (Nolan + Bale ) = Batman with neeples played as gay. End of story.

Бојан Николов said...

Влатко, јас го ценам Бејл поради еден куп други филмови, но не и поради Бетмен. Одличен е како глумец, а ужасен како Бетмен/Брус Вејн.

И, незнам кој меша факти, овде судиме по вкус. Кој рече дека мислењето на типчето шо го сака Клуни треба да биде и твое мислење?