2012 е еден од најисхајпаните филмови годинава, базиран на исто така исхајпан настан кој наводно треба да се случи на 21 декември 2012 година. Во некоја друга прилика ќе пишам повеќе за календарот на Маите и неговото завршување во 2012.
Значи, според толкувањата на календарот на Маите, крајот на светот ќе се случи баш на датата погоре, исто како што, нели, имавме крај на светот на почетокот на 2000. Филмов ги раскажува настаните на 21-ви декември 2012, за време на глобалната катаклизма. Веќе сме виделе купишта вакви филмови, така што овој не нуди ништо ново, освен поквалитетните специјални ефекти. Во овие пет минути од филмот кои вчера се појавија по разни сајтови и блогови, го гледаме уништувањето на Калифорнија и дел од изјавата на гувернерот (тип што го глуми Шварценегер). Не ми е јасно само како луѓево успеваат цели пет минути да се буквално чекор понапред од бранот кој го руши градот и да се извлечат без влакно да им фали. Добро е што сум навикнат на вакви претерувања кај овој тип филмови, па и не ми пречи баш многу.
Филмот излегува во ноември. Се надевам дека ќе го донесат во Рамстор, да немора да чекам уште месец дена за подобра снимка.
Еве ги петте минути од 2012.
No comments:
Post a Comment