December 4, 2009

Назад на Digg

После долго време, се враќам активно на Digg. Го користев активно порано, секогаш кога имав уклучено Фајрфокс, ми дремеше Digg во позадина... нешто како што сега е случај со Facebook. За жал.

Од тоа киснење на Digg, денес ми останаа куп сајтови што ги следам секојдневно, а сајтот го отварав многу поретко, додека во позадина ми беше Facebook со корисни информации за тоа кој, како и кога прднал и во колку саат, проследено со лајкови и коментари колку далеку се слушнало. Факт е дека Facebook го смени интернетот, и неоспорно е тоа дека е корисен, и мене ми е, особено за информирање за настани и слично. Facebook не е во никој случај лош, супер е од главната идеја до техничката реализација, затоа и привлече толкав број корисници, кои денес создаваат лоша слика за сервисот.

Сега на Digg си направив и нов акаунт, има големи подобрувања од последнот пат кога бев логиран, сега ќе си го спастрам убаво.

За тие што не се во тек, Digg е сервис на кој корисниците споделуваат линкови (новости, статии, видеа и слично). Секој момент има нешто ново, а најгласаните се објавуваат на почетната страна. Digg денес слави пет години постоење.

3 comments:

Ивана said...

Like =)))))

Darko said...

Имаше предлог од vlmrk на твитер за да се направи нешто налик DIGG за македонските блогови.

Бојан Николов said...

Функционираше Кајмакот до пред некое време, па прерасна во ping.mk ама не беше само за блогови. Фина идеја е у секој случај. :)