
Coraline е приказна за девојче, кое се доселува во мало изолирано место, во мистериозна куќа стара 150 години, со нејзините родители кои поради работните обврски и немаат баш време да и посветат внимание. Еден ден, открива врата во куќата која води до паралелен свет кој што навидум е совршен, од нејзиното семејство, до околината која ја опкружува. Но, по неколку посети, самата сфаќа дека работите не се воопшто такви како што изгледаат.
Мордбина приказна, прикажана преку одлична стоп-моушн анимација. Ремек дело. Ме посетќа на филмовите на Хајао Мијазаки, како на пример Spirited Away. Да беше Coraline аниме, ќе беше уште подобар. На крај, ќе кажам дека ова е еден од најдобрите филмови за годинава, што никако не смее да се пропушти.
1 comment:
Ептен е добар, го гледав во Охрид пред некое време си го пуштив во една прилично досадна вечер. :) btw, одличен ти е новиов дизајн, треба и јас да се вратам на пишувањево на blogger ускоро. :) Ако не ме мрзи.
Post a Comment