October 30, 2009

Загревање за Avatar

Без разлика дали и колку е филмот квалитетен, ако успее да и го привлече вниманието на публиката уште во рана фаза на продукција, тоа се сигурни пари од кино салите бар првата недела, што би рекле и на Грајфер. Со Avatar е слична ситуацијата, го следат медиумите, а и гиковите. Џејмс Камерон се враќа на СФ жанрот како режисер по повеќе од десет години, освен ако некој го рачуна Aliens of the Deep. Да потсетам дека Џејмс Камерон не е само 'the director of Titanic', туку јебото потпишан како режисер на СФ класики ко Aliens и првите два Terminator филмови. Развојот на Avatar почнав да го следам од пред некој месец, кога се појавија првите слики и првиот тизер трејлер. Еве го новиот, излезе вчера. Мене ми мириса на одличен филм, инстант класика. Ќе видиме во декември.

Џејк, парализиран воен ветеран од Земјата, заминува на месечината Пандора да си го бара лекот. Бидејќи луѓето неможат да го дишат воздухот на Пандора, направени се хибриди, Аватари, помеѓу човек и На'ви, хуманоидната раса која ја населува Пандора. Џејк со неговото ново тело може повторно да оди, и како што може да се види нели во трејлерот, и да скока, а и да брка На'ви девојчиња (Зои Салдана од новиот Star Trek). Меѓутоа, за да не биде се така весело, на Пандора избива војна...

Визуелно, Avatar делува совршено, од тоа што можев да видам од трејлерот, само што ја приметувам една работа повеќе. Целата атмосфера во трејлерот, освен машините и другите хајт-тек ствари, многу ме потсеќа на World of Warcraft. На'вите изгледаат слично со Night Elves, Пандора има елементи од WoW зони, има некои суштества што личат на змејови... Како да гледам трејлер за WoW филмот. Ако веќе биде филм, сакам да видам нешто вакво. Ќе муабетиме повеќе за ова кога ќе го гледам Avatar...

1 comment:

Rogi said...

Дефинитивно едвај го чекам филмов. Прлагодарение на facebook денес се потсетив, а го начекав и новиот трејлер. ЛУДНИЦА!!!

Штета само што ќе се шинеме од чекање. 18ти декември премиера, па барем уште месец дена до квалитетна снимка.