
За приказната пишав во минатиот пост. Сите луѓе во светот, во исто време губат свест и додека се во таа состојба, свеста им е пренесена шест месеци во иднината. Значи, секој си добива 2:17 минути флеш од неговиот живот во иднината. Кога ќе се разбудат, ќе го затекнат светот во (буквално) катастрофална состојба. Причините се непознати, а главниот лик, ФБИ детективот Марк Бенфорд, започнува истрага. Дали е таен експеримент на Владата, вонземјани, природен феномен или нешто друго, се надевам ќе дознаеме за период пократок од три сезони.
Споредбата со Lost е сепак неизбежна, бидејќи има куп референци и горе-долу работите се одвиваат со сличен интензитет баш како и пилот-епизодата на Lost. Дури има и Oceanic Airlines билборд. Ликовите делуваат стандарни за ваква серија, но мислам дека самиот концепт на FlashForward дополнително ќе ги менува и обликува, бидејќи нивните цели и мотиви допрва треба да бидат дефинирани. Вака, на прв поглед делуваат како купче ликови извадени од Lost или било која друга драма. Актерската екипа е составена од познати фаци, а камео имаше и Сет Мекфарлејн. Ме изненади кога се појави, не очекував, а сега читам дека ќе се појавува и понатаму.
Серијава носи огромен потенцијал во себе, речиси како Heroes во првата сезона, пред комплетно да заебе. Но, Lost е при крај, па мислам дека ABC нема да дозволи FlashForward да отиде во погрешна насока. Почетокот беше одличен, ајде да видиме уште една квалитетна серија.
No comments:
Post a Comment