Showing posts with label FlashForward. Show all posts
Showing posts with label FlashForward. Show all posts

December 8, 2009

FlashForward на пауза до 2010

По емитувани десет епизоди, FlashForward заминува на пауза до март следната година. ABC како причина за прекинот, ги наведуваат Зимските Олимписки Игри, поради кои и последната епизода на Lost ќе биде прекината.

Серијата не е лоша, само што некако си мислам дека нема да трае многу. Добро е тоа што е многу подинамична во споредба со Lost и бар за сега, не се расфрлаат со мистерии за кои ќе треба да пројдат неколку сезони за да бидат објаснети. FlashForward веќе завзема некаква форма и тек по кој ќе се движат настаните, па се надевам дека во иднина нема да ги искомплицираат работите. Значи, сфативме дека самиот 'флешфорвардот' директно влијае на иднината кои луѓето ја видоа шест месеци од блекаутот. Знаеме и кој го предизвикал, остана уште разоткривањето на целиот заговор и причините, па ете материјал за уште неколку сезони.

FlashForward ми има еден голем проблем. Ликовите ми се некако неубедливи, па тешко е да ти е гајле за нив. Не ме интересира ни кој ќе умре, ни дали ќе умре и што ќе се случи. Дури и пресвртот во последнава епизода не ме потресе којзнае колку. Можеби дека пребргу ги објаснуваат работите, или па уште не се случил вистинскиот пресврт. Имаат време до март да пробуваат различни ствари, други и ликови и да набацат нешто плус во приказната. Вака е празно, а тоа што го има не е доволно за серија од ваков тип.

September 25, 2009

Првата епизода на FlashForward

Ноќеска беше прикажана првата епизода на новата серија FlashForward. Рип со лош квалитет од епизодава почна да се врти низ интернетов уште пред една недела, но решив да почекам. Само што ја изгледав првата епизода и сум задоволен од серијава. Интересен почеток, успеа да покрене еден куп мистерии што верувам дека ќе се објаснуваат споро како во Lost. ABC добро знаат дека ваков тип на серии проаѓаат кај публиката.

За приказната пишав во минатиот пост. Сите луѓе во светот, во исто време губат свест и додека се во таа состојба, свеста им е пренесена шест месеци во иднината. Значи, секој си добива 2:17 минути флеш од неговиот живот во иднината. Кога ќе се разбудат, ќе го затекнат светот во (буквално) катастрофална состојба. Причините се непознати, а главниот лик, ФБИ детективот Марк Бенфорд, започнува истрага. Дали е таен експеримент на Владата, вонземјани, природен феномен или нешто друго, се надевам ќе дознаеме за период пократок од три сезони.

Споредбата со Lost е сепак неизбежна, бидејќи има куп референци и горе-долу работите се одвиваат со сличен интензитет баш како и пилот-епизодата на Lost. Дури има и Oceanic Airlines билборд. Ликовите делуваат стандарни за ваква серија, но мислам дека самиот концепт на FlashForward дополнително ќе ги менува и обликува, бидејќи нивните цели и мотиви допрва треба да бидат дефинирани. Вака, на прв поглед делуваат како купче ликови извадени од Lost или било која друга драма. Актерската екипа е составена од познати фаци, а камео имаше и Сет Мекфарлејн. Ме изненади кога се појави, не очекував, а сега читам дека ќе се појавува и понатаму.

Серијава носи огромен потенцијал во себе, речиси како Heroes во првата сезона, пред комплетно да заебе. Но, Lost е при крај, па мислам дека ABC нема да дозволи FlashForward да отиде во погрешна насока. Почетокот беше одличен, ајде да видиме уште една квалитетна серија.

September 6, 2009

FlashForward: Замена за Lost?

Крајот на Lost се наближува, а ABC веќе има нова серија, која би требало да биде некаква замена, бидејќи жанрот е сличен, а верувам дека ќе пробаат да ја одржуваат на телевизија со слични финти како Lost.

FlashForward почнува со мистериозен глобален феномен кој трае 2:17 минути, каде што сите луѓе истовремено ја губат свеста и се гледаат себе шест месеци во иднината. Ова резултира со бројни сообраќајки и слични несреќи, многу мртви и повредени, по што настанува општ хаос. Главниот лик е ФБИ агентот Марк Бенфорд кој се обидува да дознае што навистина се случило.


Ова звучи ептен интересно, само да не испадне како со The 4400. Пилотот феноменален, а останатото ѓубре што сме го виделе милион пати претходно. Дека ќе биде Lost, тешко. Дека ќе проба да се извади со сличен концепт, да. Барем така делува.

Серијата почнува со прикажување на 24-ти септември и за првава сезона се планирани тринаесет епизоди. Трејлерот може да се погледне тука.