April 8, 2008

Загревање за Iron Man (втор дел)

(За првиот дел клик тука)

Уште 24 дена до премиерата на Iron Man во САД, уште веројатно толку додека се најде асална кино-снимка која ќе може да се гледа. А, којзнае, можеби ќе го донесат и кај нас, што би било супер, зошто филмов сакам да го гледам во кино.

Иако не верувам на трејлери, тука можам да заклучам дека Iron Man ќе биде еден од најдобрите филмови снимени според стрип, како и еден од најдобрите филмови за оваа година, заедно со Indiana Jones and the Kingdom of the Crystal Skull и The Dark Knight. Деновиве се појави и нов трејлер, може да се погледне тука.

Го гледав The Invincible Iron Man, цртанот од 2007. Не ме импресионираше многу, најмногу поради неубедливата приказна и развојот на истата после интересниот почеток. Почнува добро, после некако се разводенува. Анимацијата е океј, синхронизацијата исто, можеле и подобро во секој случај. Сепак, помладата публика ќе ужива. Нешто ми кажува дека ќе видиме и серија од ова доколку биде успешен филмот.

Ќе го ѕирнам и Ultimate Avengers кога ќе имам време.

2 comments:

Nathan Christopher Summers said...

Приказната е таа. Горе доле иста е како оргиналната (зборам за origin) другото е сега скрпено. А на Marvel цртаниве имаат маана: земаат убави причи (Ultimates) и ги разводнуат за деца. Крајниот производ не е ни за деца ни за постари.

XXX-->Ivan<--XXX said...

Абе само гледаш нешто... :)