May 7, 2008

Загревање за The Incredible Hulk

2008 е година на на филмови базирани на стрип. The Dark Knight, The Punisher, Iron Man...

Иако не сум нешто многу возбуден, сепак се радувам на новиот Hulk. По оној од 2003, Marvel Studios решава да направи нов филм за Hulk, многу поблизок до стрипот и старата телевизиска серија. Собрана е нова екипа, а овојпат Bruce Banner/Hulk е Едвард Нортон, кој се појавува и како ко-сценарист на филмов. Во Америка, премиерата е закажана за 13-ти јуни (да, знам дека звучам како Грајфер).

Од тоа што може да се види од трејлерот, Hulk изгледа многу подобро од филмот од 2003. Ептен ми е интересира како ќе се покаже Едвард Нортон. Одличен актер е, ама некако неможам да го замислам во оваа улога. Ерик Бејна беше супер во минатиот филм, незнам зошто воопшто го сменија. А, сега и Лив Тајлер во главна женска улога... Многу ме интересира како ќе излезе.

Hulk од 2003 ми е еден од омилените comic book филмови, се надевам дека овој нема да ме разочара.

4 comments:

Nathan Summers said...

Hulk smash puny film
Hulk love Betty!
Hulk like casting on Hulk film!

Бојан Николов said...

Hulk loves Stark.

Ивана said...

Еј закон е Халк -(2003). Новиов некако да не биде многу Холивуд :S

ta4ka said...

Чудна работа али ми се свиѓа Хулк 1. Добро беше направен, за 2 ако исти луѓе го работат сигурно ќе биде исто добар