September 23, 2011

League of Legends Log #5: Прва партија Dominion

Пред некој ден, Riot Games го отворија новиот Dominion мод за бета тестирање. Новата мапа The Crystal Scar е достапна по неколку саати дневно, па ете денес успеав и јас да начекам.

Модот е супер. Има детално дизајнирана мапа, со доволно простор за борби, куп power-ups, кратки патеки, грмушки од каде што противникот може да попие сачекуша и нормално крипови, на кој ретко некој им обрнуваше внимание партијава. Dominion е сепак повеќе сконцентриран на брзи млатњи, нели, колку повеќе непријатели се мртви, толку побрзо се освојува база. Адреналинот рипа уште на почеток, зошто хероите се директно трети левел и со доволно злато за пазарење. Цело време мора да си растрчан по мапата, зошто секоја секунда може да направи разлика.

Викаат дека Французите се лоши играчи. Меѓутоа, додека не ти се погоди цел тим со нубови од Полска што се откажуваат среде партија, ништо не си видел. Дури полошо од кретен што играше со Teemo и нареди 15-16 печурки во нашата база на Summoner's Rift! Енивеј, како за прва партија беше супер. Наскоро почнува и втората компетитивна сезона на League of Legends, па ќе биде уште поинтересно кога ќе се играва мапава во ranked.

4 comments:

Invictus said...

Yo, i started playin LoL, but i am qute a nab, log in on skype and teach me how to freaking play :d

Бојан Николов said...

Yo Velin! Skype me for a game any time! :)

FatSparrow said...

Дефинитивно, модот ке придонесе за fun factor во LoL, затоа што некогаш фалеше во овој стил, изиграв неколку партии, морам да признаам дека стандардниот мод, повеќе ми се свиѓа, но и ова е забавно за промена пред се поради брзиот ритам.

Бојан Николов said...

Супер е Dominion. Лично, повеќе бев загреан за Magma Chamber, ама и ова е одлично. :)