May 4, 2008

Celtic Pride

Се трудам да го следам овој НБА плеј-оф најмногу што можам. Откако Мајами пропаднаа брукајќи се максимално, Бостон ми станаа број еден тим за следење, пред се, затоа што ми пружаат огромно задоволство кога ги гледам. По распадот на оној состав на Булс и заминувањето на Џордан, не навивам конкретно за никого, само гледам да уживам во натпреварот.

Овој плеј-оф фаворити ми се Бостон. Одличен тим, си го заслужија ова. Последен плеј-оф кој ме забавуваше вака беше 2006, кога тепаа Мајами, а лани ми беше ужасно тапа зошто Спарс од секогаш ми биле досадни, а и не сум некој фан на Данкан и Паркер.

Ме изненадија Атланта! Не очекував (а веројатно ни Бостон, па затоа си дозволија и порази) вака да играат против Бостон и да извадат 3 - 3! Само што заврши седмиот меч. Нормално, Бостон тепаа, сите знаевме дека така ќе биде. Интересна игра, веројатно најинтересната (од тие што ги гледав) помеѓу овие два тима во плеј-офот. А, и каков момент беше тоа кога Марвин Вилијамс го удри Рондо... Како и да е, ги згазија, и мило ми е за тоа. Ќе видиме како ќе играат со Кавси, зошто сакам да ги гледам Бостон и во финале, што и не е тешко да се случи, нели?

А, додека трае плеј-офот, се обидувам да ги прогурам Мајами низ 07-08 сезоната на PS2 на NBA Live 08. :)

5 comments:

Anonymous said...

NOH ќе бидат шампиони, џабе се радуваш.
;)

Бојан Николов said...

Ај, ќе видиш коа ќе стаам слика од Пол Пирс со трофеј на блогов. :)

Ivana said...

И да победеа Атланта, немаше да ме чуди, зашо играа ненормално добро, додека Бостон беа ко третолигаши :)

Losteech said...

Ар ју кидин ми?! Лејкерс шампиони. :)

Бојан Николов said...

Ивана, веруј, вчера не играа така. :)