May 26, 2008

Стрип: Wanted

Не знам како до сега не ми поминал Wanted низ раце. Веројатно да не беше најавен филм, немаше уште долго да седнам и да го прочитам.

Wanted е дело на Марк Милар, типот што стои зад сценаријата на купче добри стрипови како Civil War, Ultimate X-Men и моментално Fantastic Four. Wanted е негов мини-серијал објавен во 2003 и 2004 годината.

Главниот јунак во приказната, Весли Гибсон, живее мизерен живот, без никогаш да се спротистави на некого и трпи секакви срања наоколу. Знае дека девојката го изневерува со неговиот најдобар пријател, свесен е дека шефот се изживува со него, итн. Еден ден, се појавува Фокс, девојка која му кажува дека неговиот татко, кој го напуштил кога имал само осум месеци, работел за тајна организација, и сега по неговата смрт, Весли треба да го завземе неговото место.

Тука доаѓа интересното. Тајната организација, е всушност здружение на super-villains (преводот би бил ужас, супер-негативци?), кои 20 години ловат супер-херои и го рекреираат светот по нивен терк, играјќи си со сеќавањата на останите луѓе. А, мртвите супер-херои човештвото ги "памти" само како фикција; стрипови, филмови и слично. Тука станува уште поинтересно, ама ајде да не откривам.

Значи, Весли, од обичен плашливец, станува ладнокрвен убиец кој повеќе убива за да си го задоволи сопственото его, и поради тоа што "му се може", затоа што организацијата ги прикрива сите акции на членовите.

А, крајот е ненормално добар и језив. Тоа мора да се чита.

Инаку, ме плаши филмот што ќе излага. Колку што разбрав, приказнта е видно измената, ќе има претерување со акција, и освен тоа, Анџелина Џоли!? I don't think so. Главните ликови во стрипот се базирани на физичкиот изглед на Еминем и Хали Бери. И, што по ѓаволите бара Морган Фримен во секој втор филм?

5 comments:

Nathan Summers said...

Мала тривија: Годината кога супер хероите се убиени, 1986та, е годината кога првпат DC Comics прави "Crisis" односно reboot на цел канон. What does that tell you :D

Ванчо said...

Одлично! Фала.
Постои некаде некој скен? :-)

Бојан Николов said...

Постои. :)

http://rapidshare.com/files/117505037/Wanted__001.cbr
http://rapidshare.com/files/117505038/Wanted__002.cbr
http://rapidshare.com/files/117505040/Wanted__003.cbr
http://rapidshare.com/files/117517002/Wanted__004.cbr
http://rapidshare.com/files/117517003/Wanted__005.cbr
http://rapidshare.com/files/117517004/Wanted__006.cbr

Ванчо said...

Фала!

Ванчо said...

Ме уби со рапидшеров! :)
А да ти дадам анонимен логин до мојот ftp сервер, па да ги ставиш таму? Можеш и да ги линкуваш за другите да ги преземат. За некое време, барем.