April 28, 2007

Какви печурки јадеше Супер Марио?

Сигурно ви текнува дека Супер Марио јадеше печурки за да порасне и да добие сила? Дали околината на "Super Mario Bros." беше само неговиот трип? Мислам, кога јадеш такви печурки со сомнително потекло и вид, голема е веројатноста дека ќе ти летаат желки и ќе те бркаат измутирани змејови.


Јадеш бед, ти ја киднапирале девојката... гледаш огнови, светлини, ходајучи печурчиња, трња, треви, се обидуваш да летнеш за да го спуштиш знамето кај замокот (ај коа не си на печурки скокни така да те видам)... Облачиња ти фрлаат пламени одозгора, ти се стемнува, идеш низ канализации, паѓаш во цевки, те бркаат печурки...

Океј, играта почнува со мал трип, да претпоставиме дека кркал ејсид, ги гледа малите печурки... удира во ѕид, оп.. Amanita muscaria! Ја крка (или ја брка), и станува посилен. Да претпоставиме дека печурката што ја крка на почетокот само му го зголемува трипот од претходната дрога. Пошто пази, го гледа истото што би го гледал и со печурката, само што е немоќен да крши ѕидови, а голема е веројатноста да не ги помине подземните трипови..

Дали претходно јадел псилоцибински печурки? Што се зелените печурки кои му даваат живот?

2 comments:

Vrgood said...

У супер марио 2 (правиот 2, the lost levels), има лоши лила печурки што те убиваат :)

Anonymous said...

Тие се од оние што се јадат само еднаш :)