April 1, 2008

Super Mario Bros. филмот

Пробав да го гледам пак, после повеќе од 12-13 години. Пробав, да, затоа што не издржав ни 30 минути. Единствената добра работа во врска со Super Mario Bros. филмот, е тоа што ме потсеќа на детството, кога целиот живот ми се сведуваше на киснење пред телевизор и кршење прсти на Нинтендото. Останатото е фецес од диносауруси, кои на многу лош начин се претставени во ова 100 минутно сквернавање на една од најдобрите игри на сите времиња.

Без оглед на актерските имиња кои се застапени тука, филмот е катастрофален. Од приказната, сценариото, реализацијата, па дури и лошата и ефтина глума. А, ни сам незнам како поинаку би се филмувала игра каде што главниот лик скока, голта печурки и расте. Блиску до тоа е анимираната серија, која барем малку е поблиску до игрите.

Иако Super Mario Bros. е првиот филм снимен според игра, слободно ќе кажам дека е најлошиот. Да напрaвиш филм за Супер Марио, е исто како да напишеш роман базиран на Тетрис.

7 comments:

Љубиша Сулимановиќ said...

Одличен пост, ужасен филм! Баш пред некој ден закључив дека Денис Хопер нема ни еден добар филм у живот :))

Бојан Николов said...

Али затоа има топ улога во "24". :)

Losteech said...

Компарацијава со тетрисов ти е... :))))))

Rogi said...

Зашо бе??! Мене ми е ОК филмчето. Искулирано, седиш, тепаш саати кусур, ќе се насмееш од време на време и така...

Пази...не го номинирам за оскар :), али не е до толку лош.

Позз

Ivana said...

a sea ti sfati deka e glup filmot? T.e. najglup? :)

Влатко said...

Se sekavam deka go gledav filmov ko mal ali niso ne mi ostanalo u sekavanje.

Anonymous said...

Го немам гледано. А и сигурно е глуп, чим се двајцава во комбинација.