March 5, 2008

Џeк Бaуeр e Зaкoнoт.


Ги изгледав првите три сезони од 24, и сега се спремам да почнам да ја симнувам четвртата. Серијава влезе во списокот на моите омилени серии уште при првата сезона (сега ја даваат и на една од нашиве телевизии).

Иако приказната не е ништо што до сега не сме го виделе по акциони филмови или серии, магијата на 24 е во форматот (секоја епизода е еден час од "денот"/сезоната). Самиот формат овозможува подетален развој на ликовите, сторијата и челичните јајца на Џек Бауер, кој прави Чак Норис да моча навечер во кревет.

Шала на страна, Кифер Сатерленд ме изненади. Како актер, го засакав од The Vanishing и Dark City, сега го обожавам.

Друга закон работа во 24 е појавувањето на познати фаци како Dennis Hopper, Daniel Dae Kim, Zachary Quinto, Michelle Forbes, Tobin Bell, John Terry, Jon Gries, итн..

5 comments:

Rogi said...

Закон е серијава. И ако не се лажам е солидно постара. Се секавам дак имам налетано на епизода уште пред некоја година.

Како и да е, се сложувам дека е ТОП, е сеа уште да нјдам време и да ја вметнам некаде помеѓу TNG, Andromeda и JAG и се ке биде ОК :)

XXX-->Ivan<--XXX said...

Претеризам!

Neno said...

Супер е "24".
Да ги изгледам до крај "Family Guy" и "Gundam Wing", па ќе ја набавам.

Ивана said...

Ај да не почнувам... :) треба да напишам пост за глупостите во 24!

XXX-->Ivan<--XXX said...

Ивана изволи - http://lostseries.blog.com.mk/node/136397#comment
:)