March 26, 2008

Загревање за Iron Man


Читам Civil War и сфаќам колку го сакам Iron Man како херој. Пред ова, ги имав гледано само цртаните и ги читав Ultimate Iron Man. Во план ми е после Civil War да седнам и да ги читам поновите броеви од редовната серија на стрипот.

На почетокот на мај ќе се појави и Iron Man филм со Robert Downey Jr. како Iron Man/Тony Stark. Ептен го погодиле глумецот, очекувам филмов е добар. Трејлерот изгледа исто така ветувачки, може да се погледне тука. Има потенцијал да стане еден од најдобрите филмови снимени според стрип, нешто што ретко им успева на новиве филмови. (Daredevil, anyone?) Освен тоа, Robert Downey Jr. ќе се појави како Тони Старк и во The Incredible Hulk со Edward Norton, кој излегува исто така оваа година.

Инаку, Civil War е одличен серијал, со феноменална приказна и прекрасна реализација. Дури и Captain America, лик што некако сум го избегнувал до сега, ми стана интересен и ми е на листата за читање. Едвај чекам да видам што ќе се случи кога The Punisher ќе се појави во војнава. A, Spiderman никогаш не сум го сакал и мразел како до сега...

Брзо иде читањево, а некако сакам пополека да уживам. Ќе прочитам се наеднаш и ќе ми биде криво после. :)

2 comments:

Nathan Christopher Summers said...

Влече ова Марвел а?:)
Него, Iron-man е закон лик! Последниве години го издигнаа на ниво кое го заслужи. Тони Старк е не-психотична и не-педофилска верзија на Брус Вејн ;) А од Дауни подобра избор не постои за улогава!

Anonymous said...

Iron Man e diler na oruzje i alkos. nuff said.