March 13, 2008

Почна новата South Park сезона

Со оглед на тоа што ми е омилена цртана серија, нема да сум пристрасен, и ќе кажам дека почетокот на новава сезона не беше ништо посебно. Солидна епизода, но далеку од она што се случуваше кон крајот на претходната. Не мислам дека South Park го изгубиле шармот и покрај единаесет сезони зад нив, напротив. Туку избрале тема која е веќе многу пати видена, што дури и во самата епизода алудираат на тоа.

South Park ми се најинтересни кога црпат инспирација од актуелните случувања. Имаше еден куп теми што сакав да ги видам, како на пример WGA штрајкот или Cloverfield, па дури и Rambo, ама тоа е тоа.

Знам дека Треј Паркер и Мет Стоун имаат сеуште да дадат, и верувам дека наредната недела ќе видам подобра епизода.

Сега во план ми да почнам да симнувам од прва сезона, зошто до деветта, ми се со лош Real Media квалитет. Првите неколку сезони ги има и со ДВД квалитет.

6 comments:

Ивана said...

Решиле изглеа да не реметат никој :))))

Бојан Николов said...

Па, не баш. Реметат познат поранешен кошаркар. :)

XXX-->Ivan<--XXX said...

Да не станува збор за Шекил О’Нил? :P

Внукот said...

Затоа ги сакам. Секогаш прават неочекувани работи. Кога сите очекуваа да бидат изреметени тековните настани, овие решија да се заебаваат со тоа која болест е попопуларна! :D Закон. И лекот за СИДА е large amount of cash =)) Are you sure? I'm HIV positive =)) Не можеш а да не ги сакаш.

freestyle said...

легенди.....

Neno said...

Закон епизода!
Can't wait till next one.:)