April 14, 2008

Dylan Dog пак низ трафкиве!

Не ми се веруваше кога видов. Нова, српска едиција на Dylan Dog, првиот број од фебруари 2008! Ќе излегува секој месец, заедно со новите едиции на Zagor, Dampyr и Mister No, дел од стриповите кои обележаа неколку генерации. Dylan Dog беше дел и од моето детство, и мило ми е што е повторно тука. Пред три години, почна да се издава и на македонски јазик, но за жал, прекинаа по неколку броја. А, српскава едиција ќе касни кај нас месец дена, зошто како што приметив, го носат тоа што останува непродадено таму (што е случај и со повеќе други списанија). Значи, ќе почекаме уште некое време за вториот број што во Србија е излезен во март. :)

Насловот на првиов е "Čarobni Frulaš" (орг. "Il Pifferaio Magico"), број 210 во редовната серија. Ако не грешам, ова е прво издание на бројов на овие простори. Се надевам дека ова ќе трае подолго и покрај тоа што цената е 120 денари, а имаме мала публика за стрипови.

На линков може да се најдат постари, скенирани Dylan Dog (а, има и други) стрипови. Ги има и оние на Слободна Далмација. :)

5 comments:

Влатко said...

Да, едно време продаваа и Ultimate Flipbook (X-Men i Spiderman) што им беше останато на хрватите па прекинаа. И ова ќе бутка година-две и послем ќе секне ко се што е поврзано со стрипови во Македонија.И да, фала за линков баш малце да се потсетам на овој лик (мада да лично чекам на преводите на Nathan Never :)

Rasta said...

Veseli cetvrtak, izdavackata kujka, zapocna so 4 junaci (1 nedelno)
Zagor, Dylan Dog, Dampyr i Mister No.

Бојан Николов said...

Случајно некој да не има контакт од луѓето што ги издаваа македонските Дилан Дог, Марти Мистерија и Загор?

Neno said...

У принцип не читам стрипови но планирам да си ги купам Star Wars деловиве од америка.

Anonymous said...

бреј многу касно разбрав,меѓутоа го најдов вториот број.добро ќе биди да излегуваат ама не ми се верва дека ќе траат.како и да е да не има некој кој шо сака да продај некое бројче.ми фалат уште многу малку и да ја пополнам цела колекција од сите шо имат излезено на југославенскиве простори.пишете на bruska_jas@yahoo.com