Картите се купени вчера, одиме утре во 22:30 со екипата со која најдобро си поминувам на кино, и сум ги имал најдобрите и најлошите кино искуства. Оваа година се коцкав на Prometheus, па утре ќе видиме каков ќе биде исходот. Ридли Скот, трејлерите, музиката и виралниот маркетинг ме купија како просечен американски тинејџер. Очекувањата ми се високи, но...
Тие што го гледаа вчера, не излегоа баш среќни, а сме тука некаде со вкусот. Без спојлери, впечтокот бил дека филмот визуелно е феноменален, додека потфрла кај приказната. Иако сето тоа е субјективно, не е возможно да се игнорираат и негативните рецензии, како и релативно нискиот рејтинг на IMDb. Не дека рејтингот е објективен и реален, меѓутоа за Prometheus очекував бројките да збеснат. Обично вакви хајпани филмови уште првиот ден високо котираат на листата на најдобри 250.
Ќе го гледам утре, ќе пишам во текот на следната недела. Нека легне. Од друга страна, за The Dark Knight Rises имам сосема спротивни очекувања. Тоа што досега го видов од трејлерите ме остави рамнодушен, особено Селина Кајл. The Dark Knight ме натера да ги бројам деновите уште од првиот момент кога го видов Хит Леџер како Џокерот...
Инаку постерот горе е fan art. Премногу е добар за да не го споделам тука.
No comments:
Post a Comment