April 3, 2012

Музиката од трејлерот на Prometheus

После новиот трејлер, убеден сум дека Prometheus е филмот за оваа година. Без разлика што очигледно приказната е многу слична на онаа од Alien, ова е филмот што со нетрпение го чекам. Она што е највпечатливо од трејлерот, освен суштеството што изгледа како втор братучед на Ксеноморфите, е музиката. Феноменално се вклопува во кадрите што може да се видат и го прави трејлерот подобар него што е. 


Саундтрекот на Prometheus го работи Марк Страјтенфелд, но не е автор на она парче од трејлерот. Музиката што може да се чуе во трејлерот е излезена од продукциската куќа audiomachine, која се занимава баш со создавање на музика за трејлери и рекламни кампањи. Тимот на audiomachine од 2006 до денес, во своето портфолио има огромна бројка на наслови на познати филмови и игри. Неверојатно е на што сè се имаат потпишано. Значи, луѓето снимаат музика која филмските продуценти може да ја лиценцираат за потребите на нивните трејлери. Така некако е и најдена "Judge & Jury" од компилацијата Deus Ex Machina. Со ситни измени е дојдено до она што може да се чуе во трејлерот на Prometheus. Еве ја таа верзија, на овој линк. Плус, таман е и за аларм сабајлечки.

Бонус трака, бонус трака 2.

Премиерата на Prometheus е на 8-ми јуни. Донесете го во кино кај нас, аман!

2 comments:

Триглав said...

Филмот и треба да е сличен со 'Alien' бидејќи новиов филм претставува 'prequel' на целиот 'Alien' серијал. Од тука започнува целата приказна со експедициите на планетата каде ги наоѓаат ксеноморфите.

А дечкото во пилотското седиште (или што и да е тоа парче технологија) е 'space jockey', припадник на друга вонземска раса која се шпекулира дека самата ги создала ксеноморфите како биолошко оружје.

Филмот повеќе ќе се врти околу нив, бидејќи и се започнува со нив, нели? :)

Бојан Николов said...

Идејата за Prometheus е исто така многу подобра од Alien рибут или продолжение. Едвај чекам да видам што ќе каже филмов. :)