Очигледно сиромашниот маркетинг на Дизни е причината поради која филм како John Carter останува невидлив. Штета. Најмногу за трилогијата која најверојатно нема да биде. Мислам, поминуваат глупости како Cowboys & Aliens и Clash of the Titans римејци (и слични филмови со портокалов филтер), еј. Ќе се појави нешто што е баш авантура и соодветно за жанрот, и никој не го ферма. Пак ќе кажам, ако сакаш филмот да ти заработи во САД, рекламирај го, плескај им го на луѓе во фаца, и по порно сајтови ставај банер со линк до трејлерот. Без разлика колку и да е срање, ќе го гледаат. Се хајпам и јас лесно некогаш, така да знам што зборам.
John Carter е два саата чиста забава. Нема комплексна приказна, нема да ти го смени животот, меѓутоа пружа визуелно уживање, добра акција во умерена доза и чат-пат ќе те насмее. Да, CGI вршти буквално на сите страни, но е некако убаво спакувано и го прави светот околу баш живописен, иако филмот се случува во некоја пустинска вукојебина на Марс (или Барсум, како што си ја викаат тамошните жители).
Филмот е адаптација на книга која никогаш не сум ја читал. Главниот јунак е Џон Картер (хм, да), ветеран од Американската граѓанска војна кој во потрага по злато, ќе заврши на Барсум, среде конфликт на две страни и племе локални индијанци, познати како Таркови. Нормално, Џон Картер таму е повеќе од обичен 'вонземјанин' (да, знам) зошто слабата гравитација на планетата ќе го направи малку помоќен во однос на останатите. И, нели, чим филмот се вика како и главниот лик, не е тешко да се претпостави дека е клучен за судбината на планетата. Сепак, иако на моменти е предвидлив, тоа не го прави ништо послаб. Актерите се супер, а карактерите какви-такви, за ваков лајт филм се таман. Имало и полоши, во филмови што се неосновано извикани.
John Carter има атмосфера која е ретка, барем јас ретко можам да ја осетам, а се среќава во Star Wars, па дури и Flash Gordon. И, Dune? Мене барем ми дојде како фин микс на делчиња од фикција што ми е драга, па уште ако спомнам дека костимите изгледаат како да ги дизајнирал истиот тип што ги дизајнирал и во RIFT?
Тука некаде ќе скратам, да остане нешто и по второто гледање.
No comments:
Post a Comment