January 9, 2010

Avatar (2009)

Ете, го гледав Avatar, конечно. Последен пат вака разочаран излегов од кино на Quantum of Solace. A, како не, кога влегуваш со огромни очекувања, си читал само позитивни рецензии, пофалби и две недели уназад слушаш добри критики од еден куп луѓе околу тебе. На крај, остануваш заглавен со просечен филм, што се курчи сo ефекти и гледаш дека парите што биле наменети за сценарио, се спичкани на светлечки медузи и розеви растенија.

Avatar е дефинитивно најпреценетиот филм за последнава деценија и доказ дека со агресивен маркетинг ("фрливме волку милијарди на специјални ефекти, филмот е ремек-дело)" може да изманипулираш огромна маса на луѓе, па и да ги убедиш дека гледале добар филм. И The Dark Knight беше рекламиран на секој можен начин, меѓутоа комплетно ги оправда очекувањата.

Аvatar, покрај ефектите, што морам да признаам, се едни од најдобрите што сум ги видел (а, за година максимум ќе видиме и подобри), има оскудна приказна, еднодимензионални ликови и катастрофално сценарио. Океј, едниот тип е добар, другиот лош, на крај ќе се тепаат и тоа е тоа. Ликовите се баш како од цртан филм, без никакви нијанси на други особини освен главната. Негативецот е како излезен од глупаво јапонско аниме наменето да рекламира играчки, додека Џејк Сали, главниот протагонист, е херојот излезен од книгата на стереотипи и клишеа. Ја виде некој споредбата на Avatar со Pocahontas на Дизни? Заебанција е, но е апсолутно точна. Огромната сличност со цртанот е дури смешна на моменти.

Барем да беше забавен, ако ништо друго. Првата половина, додека скокаат по дрва на месечината, е болно досадна. Филмот ми стана интересен дури кога почна битката помеѓу луѓето и На'вите. А, Пандора е посебна приказна. Скоро сите локации ги имам видено на друго место, во World of Warcraft, тие што играле ќе се сложат со мене. Спомнав негде на Крапверк и претходно, дека ако некогаш има World of Warcraft филм, би сакал да изгледа исто како Avatar. Почнувајки од флората и фауната на Пандора, до дрвото што е многу слично со Teldrassil или Nordrassil. Дури и змејовите се тие истите, а да не зборам на концептот со "логирање" во светот на На'вите. Како да играа некој напреден MMORPG.

Значи, Avatar ќе си добие култен статус, огромна група на фанови, а јас ќе го заборавам за брзо време, зошто не ми остави никаков позитивен впечаток...

4 comments:

Развигор said...

Линк на Пинг до овој блог-запис

* Avatar

Внукот said...

Браво машко, конечно некој да ме разбере! ;)

Losteech said...

Малце каснам, ама јако ти е ова со World of Warcraft! Во право си, тоа дрвото ептен ме потсеќаше на главниот штаб на Night Elves-ите. :)))

Мене ми беше ОК Аватар, не како што го фалат многумина, ама ОК филм... ако некој sci-fi ме остави без зборови минатата година - тоа беше District 9 дефинитивно! ;) Препорака ако се’ уште го немаш изгледано. 100 пати подобар од Аватар. :)

Бојан Николов said...

Касниш. :) Инаку, го гледав Distric 9, пишав и тука, побарај. :)