
Прекинав да обрнувам внимание на ова, кога, ете ти ТРЕЈЛЕР!!! Се избезумив, тахикардија, почна да ми се лоши... излегов на воздух, запалив цигара. Се натерав себе да го гледам. Го гледав. Два пати. (хахахаха, каков драма лик - заб. автор, 2013)
Некој решил да се заебава? Како прво, ме интересира како преживеал типот што го правел кастингот. Второ, зошто е сеуште жив?
Покрај тоа, во трејлерот може да се види лоша глума, еден куп набилдани специјални ефекти, нови терминатори, тинејџ-терминатори од иднината во форма на згодни дунди, тотално скрнавење на легендарната “come with me if you want to live” реплика...
Како фан на Терминатор (а, и на Терминатор 2) од раѓање, сум длабоко навреден од бљувоштинава, и посакувам истата да не ја надмине пилот-епизодата. Серијава треба да се појави некаде оваа година, за што исто така искрено се надевам дека нема да се случи.
No comments:
Post a Comment